Свет
На Антарктикот температурите се дури 30 степени над просекот
Во текот на претходните денови на источен Антарктик беа забележани рекордни температури, за 30 степени Целзиусови повисоки од просекот за овој период од годината. Метеоролошката станица „Dome C of the Antarctic“ забележа рекордни температури за март од 4,9 степени Целзиусови.
Истражувачката база Конкордија на Антарктикот, која се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри, регистрирала рекордни -11,5 степени Целзиусови.
Extraordinaire 🌡️-17.7°C à la base #antarctique russe de #Vostok ce 18 mars 2022, pulvérisant de 15°C son record mensuel de température maximale pour un mois de mars (-32.6°C, 4 mars 1967), en plus de 60 ans de mesures. Le record absolu à cette station est de -12.2°C (jan 2002). https://t.co/ljnxj9aShg
— Etienne Kapikian (@EKMeteo) March 18, 2022
The final high on 18 March in Concordia was -11.5 °C recorded at 04:27 UTC. It is the hottest value observed in manned stations of the Antarctic Plateau in 66 operational years
At Vostok on 19 March 06Z measured -31.0 °C. It looks normal but is lower than the old monthly record pic.twitter.com/EC02b9LjRG
— Stefano Di Battista (@pinturicchio_60) March 19, 2022
Етјен Капиан, метеоролог од метеоролошката станица „Метео Франс“, на својот Твитер профил ги објави вредностите на температурите на Антарктикот.
„Податоците се загрижувачки бидејќи температурите во овој период од годината се веќе под нулата. Вакво нешто не се случило од 22 февруари 1991 година“, изјави Гетан Емес од „Метео Франс“.
Тој го опиша моменталното време на Антарктикот како необично богатство и го нарече „историски настан“.
„Ова е време кога температурите треба брзо да паднат од летната краткоденица во декември. „Ова е последица на топлотниот бран во северозападниот Пацифик 2021 година“, рече Гетан Емес.
Националниот центар за податоци за снег и мраз во САД објави дека морскиот мраз на Антарктикот паднал под два милиони квадратни километри на крајот на февруари, за прв пат од 1979 година, што е причина за скокот на температурата.
Свет
Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.
Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.
🔔#Earthquake (#地震) M6.4 occurred 142 km NE of #Hachinohe (#Japan) 11 min ago (local time 06:52:42). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/1tFIB9RTX3
🖥https://t.co/AenVB0EsL3 pic.twitter.com/rynZOPWGPH— EMSC (@LastQuake) December 8, 2025
До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.
Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
-
Кичево2 денаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево2 денаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Хороскоп9 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Временска прогноза2 денаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
