Спорт
На Јувентус му се брза, прва цел по заминувањето на Роналдо е Лука Јовиќ од Реал Мадрид, но при евентуално доаѓање на Мбапе..

Јувентус нема многу време да реагира под заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Нивна прва цел и понатаму е Габриел Хесус од Манчестер Сити, но проблемот е Пеп Гвардиола, кој не сака да се откаже од услугата на Бразилецот.
Во Јувентус, тие се свесни дека имаат само неколку дена и дека треба брзо да реагираат, па затоа бараат резервни опции. Италијанските весници „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“ објавија дека напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ е едно од можните решенија.
Српскиот фудбалер сега е прва опција на Карло Анчелоти кога сака да го одмори Карим Бензема, но евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Мадрид би променило се.
Пристигнувањето на Французинот сигурно ќе го турнеше Јовиќ понатаму кон клупата. Оттука, во тој случај, Јовиќ може да биде барем опција за позајмица на Јувентус.
Во секој случај, последните неколку дена од преодниот рок ќе дадат одговор на прашањето за судбината на многу играчи во следната сезона.
ФОТО: Jorono / Pixabay.com
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.
Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Кичево21 час
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Lifestyle1 ден
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Lifestyle1 ден
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови
-
Спорт2 дена
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни
-
Автомобили1 ден
Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат