Lifestyle
На кучето треба да му се дозволи да душка за време на прошетката. Еве зошто

На кучињата треба да им се дозволи да душкаат колку што сакаат кога ќе излезат на прошетка, наместо да бидат мачени и влечени од нивните сопственици, тврди експертот за кучиња Зои Белшо.
Како дел од нејзиниот говор на конгресот BSAVA 2023, Белшоу објасни дека сопствениците често гледаат на одењето само како рутина за да го одржат своето куче физички фит, а всушност тоа игра витална улога во менталната стимулација.
“Некои кучиња, особено постарите, шетаат со помалку енергија и пократко време и претпочитаат полека да ползат и да ги истражуваат мирисите околу нив. Сопствениците треба да го прифатат ова, дури и ако тоа им е досадно и фрустрирачко”, предупреди таа.
„Душкањето е многу, многу важно“
Според ветеринарот, како што стареат кучињата стануваат се помотивирани да душкаат.
„Ако имате 10 минути за прошетка, а кучето оди 10 метри, но потроши 9 и пол минути душкајќи го столбот за светло, тоа е многу подобро за него отколку да го влечете. Сопствениците можат да слушаат подкаст или некако да го забрзаат времето и прифатете го душкањето како нешто навистина важно“, додаде таа.
Со оглед на тоа што сопствениците можат да направат други прилагодувања за да му го олеснат животот на постарото куче, Белшо советува да постави меки душеци за да спречи паѓање, различни начини на игра и промени во исхраната.
За кучиња кои страдаат од когнитивно опаѓање или губење на видот или слухот, користењето на сетилото за мирис е од клучно значење. На пример, криењето храна на различни места за да се охрабри кучето да ја најде сам е забавна форма на тренирање на мозокот што му помага на кучето да го задржи умот активен.
/index
Lifestyle
Трикот за совршено сварени јајца

Варените јајца се едни од наједноставните и најхранливи оброци – богати со протеини, витамини и минерали. Но, речиси секој барем еднаш се сретнал со непријатната сиво-зелена жолчка или со лушпа што тешко се лупи.
За среќа, постои едноставен метод во четири чекори кој гарантира совршени резултати секој пат.
1. Почнете со студена вода
Јајцата најпрво се ставаат во тенџере, а дури потоа се прелеваат со ладна вода. Ако се додадат во веќе зовриена вода, многу полесно можат да се скршат.
2. Кратко вриење
Ставете го тенџерето на силен оган и почекајте водата да зоврие. Штом ќе почне да врие, тргнете од оган и веднаш покријте. Тајната е во тоа што јајцата не остануваат долго на висока температура, што ја спречува жолчката да добие зелена нијанса.
3. Времето е клучно
Должината на „стоење“ во топлата вода зависи од текстурата што ја посакувате:
-
4–5 минути → меко варени јајца
-
7–8 минути → средно варени
-
10–12 минути → тврдо варени
4. Ладна водена бања
Веднаш по варењето, исцедете ја топлата вода и јајцата потопете ги во сад исполнет со многу ладна вода и коцки мраз. Овој „шок“ ја прекинува термичката обработка и ја зачувува совршената текстура на жолчката и белката. Ако планирате да ги излупите, нежно потчукнете ги за да ја испукате лушпата и оставете ги во водата подолго време – потоа ќе се лупат лесно и рамномерно.
Извор: Nezavisne
Lifestyle
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач

Замрзнувачот често е „спасител“ кога сакаме да зачуваме остатоци од јадење или да го продолжиме рокот на траење на храната. Но, не секоја намирница е погодна за замрзнување – кај некои целосно се менува вкусот, текстурата и дури и хранливата вредност.
Пржена храна
По одмрзнувањето, пржената храна ја губи крцкавоста и станува мека и мрсна. Маслото се распределува нерамномерно и го уништува вкусот.
Јајца
Варените јајца стануваат густи и гумени, а нивниот вкус се менува на непријатен начин.
Зеленчук со многу вода
Краставици, зелена салата и слични зеленчуци ја губат цврстината и стануваат како каша. Доматите, исто така, го менуваат изгледот и вкусот по одмрзнувањето.
Компири
-
суров компир – никогаш не замрзнувајте! По одмрзнувањето станува чуден, со сладок вкус.
-
преработен компир (помфрит, крокети) – може да се замрзне без големи промени.
Млечни производи
Јогуртот и павлаката стануваат воденести или зрнести. Меките сирења (како крем сирење, бри) ја губат мазноста и добиваат грд изглед. Дури и тврдите сирења не остануваат исти ако подолго се чуваат во замрзнувач.
Тестенини и ориз
Варени тестенини и ориз после замрзнување стануваат лепливи и ја губат формата.
Извор: SD
Lifestyle
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето

Многумина се соочуваат со ист проблем: облеката изгледа чиста по перењето, но свежиот мирис многу брзо исчезнува. Понекогаш, дури и веднаш по сушењето, алиштата немаат арома каква што очекуваме. Причината често се крие во мали грешки при перењето. Со неколку едноставни навики, облеката може да остане миризлива, мека и свежа значително подолго.
Користете омекнувач во вистинско време
Една од најчестите грешки е додавањето омекнувач уште на почетокот од перењето, заедно со детергентот. Многу поефикасно е омекнувачот да се додаде кон крајот, при последното плакнење. На тој начин, неговиот мирис се задржува подолго на ткаенината.
Внимавајте на количината на детергент и омекнувач
Следете ги упатствата на пакувањето. Премногу детергент го отежнува плакнењето и остава траги на облеката, додека премалку не ја мие доволно. Истото важи и за омекнувачот – недоволна количина е едвај забележлива, а преголема може да предизвика непријатност или иритација на кожата.
Одберете соодветна температура
Температурата на перење има клучна улога. Пониските температури ја чуваат бојата и ја продолжуваат трајноста на материјалите. На пример, фармерките е најдобро да се перат ретко и, по можност, рачно – така го задржуваат својот облик и интензитет на бојата.
Сушете на свеж воздух, но не на директно сонце
Сушењето е исто толку важно колку и самото перење. Најдобро е алиштата да се сушат на свеж воздух, но да се избегнува директната сончева светлина, бидејќи таа ги избледува боите. Сушењето во сенка е идеално решение – облеката останува мека, со пријатен мирис и без оштетувања.
Не заборавајте на машината за перење
Ако алиштата и понатаму имаат непријатен мирис по перењето, проблемот може да е во самата машина. Редовното чистење, како и проверката дали правилно ја загрева водата, често го решаваат овој проблем и го подобруваат квалитетот на перењето.
Извор: SD
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 октомври)
-
Спорт2 дена
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Кичево1 час
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Временска прогноза19 часа
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег