Хроника
На свои 54 години ненадејно почина долгогодишниот спортски новинар, наш пријател Зоран Поповски, почивај во мир добар човеку!
Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот македонски спортски новинар, Зоран Поповски. Во голема тага и шок ја примивме информацијата дека Попе, еден од најдобрите спортски новинари, голем поддржувач на пишаниот збор веќе не е помеѓу нас.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како „А1“, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во „Спортманија“.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.
Со официјално сочуство се истакнаа и од Фудбалската Федерација на Македонија..
Почивај во мир колега, чувај место во бесконечноста, еден ден елитата пак ќе биде заедно!
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево13 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија10 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Хороскоп3 часаХороскоп за вторник (16 декември)
