Хроника
Вчера во сообраќајка уште една жртва на патот Кичево-Охрид

Вчера на 11.03.2023 во 15:15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, општина Дебрца, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот.
По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
За порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
На свои 54 години ненадејно почина долгогодишниот спортски новинар, наш пријател Зоран Поповски, почивај во мир добар човеку!

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот македонски спортски новинар, Зоран Поповски. Во голема тага и шок ја примивме информацијата дека Попе, еден од најдобрите спортски новинари, голем поддржувач на пишаниот збор веќе не е помеѓу нас.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како „А1“, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во „Спортманија“.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.
Со официјално сочуство се истакнаа и од Фудбалската Федерација на Македонија..
Почивај во мир колега, чувај место во бесконечноста, еден ден елитата пак ќе биде заедно!
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..

Тажна вест вечерва ја окупира и Македонија, на својата 61-ва година замина првата хармоника, големиот музички виртуоз Милан Завков.
Започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.
Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов, и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и на дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор.
Автор е на голем број песни, како што се „Нема друга Македонија, Суводолица“ од Војо Стојаноски, „Лична Јовано, Лазарополе“ од Наум Петрески, композиции од Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ итн..
Маестро Завков последно беше дел од „Кабарет шоу“ заедно со реномираниот македонски музички состав „Енерџи“
Трагичната вест за нашиот медиум ја потврди, актуелен музичар од македонската фолк сцена, додека доцна во ноќта, колегите, на социјалните мрежи веќе се простуваат од големата легенда!
Македонија загуби уште еден великан, почивај во мир мајсторе, музиката е вечна, твоите дела се вечни, што значи твоите творештва ќе останат вечно!
Светол пат, вечна слава!
Хроника
Фудбалскиот свет во тага, попладнево почина бразилскиот фудбалски крал Пеле

ЕДЕРСОН Арантес до Насименто Пеле, бразилскиот фудбалски крал кој освои рекордни три светски првенства и стана еден од најпознатите спортски фигури во минатиот век, почина на 83-годишна возраст.
Пред Светското првенство во Катар, тој беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а за време на турнирот се јави и рече дека ќе успее да ја надмине тешката болест. За жал, болеста беше посилна.
Пеле се бореше со рак на дебелото црево од септември 2021 година, а беше повторно примен на 29 ноември. Во последните недели болеста се прошири и на бубрезите, Пеле чувствуваше и срцеви проблеми, веќе немаше сила да се бори.
Во кариерата играше само за два клуба, за сопствениот Сантос во Бразил и подоцна, кога имаше финансиски проблеми, за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства – во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 година.
-
Кичево6 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!