Lifestyle
Најатрактивните туристички понуди со најдобрите „ЈК Травел“

1. Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг.
- Повеќе информации ќе најдете ТУКА
2. Апарт-хотел Декавил се наоѓа на влезот во Геракини, оддалечен е околу 30 метри од најубавиот дел на песочната плажа. Апарт хотелот се состои од двокреветни, 1/2+1 со фотеља на расклопување (погодна за деца до 11,99год) 1/2+1 со кревет на извлекување (големина за возрасен) и четворокреветно студио (на приземје) , останатите соби се лоцирани на приземје, први и втори кат, дел од нив гледаат странично на море. Исто така една двокреветна соба има можност за сместување на лице со посебни потреби, т.е има механизам за влез во соба преку тераса, доколку користи количка за движење.
- Повеќе информации на линкот ТУКА
Собите се опремени со квалитетен мебел и новоизградени, комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (4 евра на ден) и интернет вклучен во цената. Во склоп на вилата има мал ресоран, каде се служи кафе и пијалоци, наутро може да се подготви појадок по пристапни цени (ладен и топол појадок)
Вила Велај е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 400м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор и соби на 2 спрата.
Собите се лоцирани на приземје и втор спрат. На приземје се студиа за 2, 3, 4 или 5 лица и гледаат во градина, на втор спрат се студиа за 2, 3 или 4 лица. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, тв, балкон, комарници. Двокреветните се составени од едно дупло легло – спална, Трокреветните со дупло легло и едно единечно легло, четворокреветните се со едно дупло легло и креветчиња на спрат, петтокреветното студио се состои од едно дупло легло, едно единечно и креветчиња на спрат.
- Повеќе информации ТУКА
Хотелот се наоѓа во Геракини , во пријатно зеленило, оддалечен на само 2минути од плажа. Составен е од 9 бунгалови на два ката, високо приземје и прв спрат, реновирани 2020год. Хотелот располага со ресторан кој нуди појадок и вечера, паркинг, интернет низ целиот објект, 24часа рецепција.
Геракини е едно од најстарите туристички дестинации на Халкидики. На почетокот на вториот крак – Ситонија, Геракини нуди можност за прекрасен релаксирачки одмор. Песочните плажи, кристално чистото море на топлиот Медитеран и боровата шума која ја прекрива планината, идеалната клима, трудољубивоста на локалните жители го прават ова место одлично за одмор.
Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор за 24мај. Истанбул ќе ве остави без здив.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
- Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
- Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
- туристички пратител за време на престојот
- организација за време на патувањето
- Тест за враќање во Македонија (за невакцинираните)
-
- Задолжително патничко осигурување 300 денари по лицеЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативните излети:
- Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Долмабахче со вклучена посета Харемот – 35 евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 25 евра
- Прошетка во населбите Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија – 15 евра
- Туркуазу Аквариум (влезница) –15 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
SILVER – 65 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
–прошетка во населбата Кадикој во Азија
- Крстарење по Босфорот
- Долмабахче палата со вклучена посета Харемот
GOLD – 90 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
- прошетка во населбата Кадикој во Азија
- Крстарење по Босфорот
- Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
- Долмабахче палата со вклучена посета Харемот
PREMIUM – 105 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија
- Крстарење по Босфорот
- Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
- Долмабахче палатата со вклучена посета Харемот
- Прошетка во Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија
ВИП – 120 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул: прошетка во населбата Кадикој во Азија
- Крстарење по Босфорот
- Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
- Долмабахче палатата со вклучена посета Харемот
- Прошетка во Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија
- Туркуазу Аквариум
ИНФОРМАЦИИ:
- Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
- За сингл соба се доплатуваат 45 евра дополнително од аранжманот
Попусти за деца:
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници
Прв ден – петок (20.05)
Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – сабота (21.05)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.
Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува една од највисоките згради во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса).
По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање.
Трет ден – недела (22.05)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, Турскиот Версај.
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта слободно време за одмор. Ноќевање.
Четврт ден – понеделник (23.05)
Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некои од најубавите квартови (махали) на Истанбул. Ве носиме на прошетка низ прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка.
Потоа се упатуваме кон една од најживописните населби Балат, позната во шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.
Петти ден – вторник (24.05)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија во договорено време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.
- Повеќе информации ТУКА
Lifestyle
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете

Кога ќе се споменат тестенини и слабеење во иста реченица, многумина веднаш помислуваат на јаглехидрати кои треба да се избегнуваат. Но, вистината е поинаква: тестенините можат да бидат дел од здрав и одржлив план за исхрана. Со неколку паметни трикови, омиленото јадење може да стане ваш сојузник во губењето килограми.
Еве како:
1. Не заборавајте на протеините
-
Една порција тестенини (250-300 калории) содржи скроб кој може да предизвика скокови на шеќер во крвта, што потоа води до нагло опаѓање и желба за повеќе јаглехидрати.
-
Решението? Комбинирајте ги тестенините со извор на протеини за да ги стабилизирате нивоата на шеќер и да останете сити подолго.
-
Препорака: протеините треба да зафаќаат околу ¼ од вашата чинија.
-
Одлични избори:
-
Лосос, туна, ракчиња – богати со омега-3 масни киселини.
-
Посно пилешко – лесно и хранливо.
-
Грав и леќа (за вегани) – додаваат влакна и протеини, а даваат кремаст или богат вкус.
-
2. Не плашете се од здравите маснотии
-
Мононезаситените и полинезаситените масти го намалуваат „лошиот“ LDL холестерол и го поддржуваат здравјето на срцето.
-
Тие се варат подолго од јаглехидратите, што значи дека ќе се чувствувате сити подолго.
-
Како да ги додадете:
-
Користете 1 лажица маслиново масло (119 калории) за да зачините тестенини.
-
Измерете ја количината за да избегнете премногу калории.
-
Пробајте и со авокадо за кремаста текстура и дополнителни здрави масти.
-
3. Тестенини со зеленчук – секогаш добар избор
-
Зеленчукот додава растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата и ве држат сити.
-
Препорака:
-
Жените: 25 грама влакна дневно.
-
Мажите: 38 грама влакна дневно.
-
Реалноста: поголемиот дел од луѓето внесуваат значително помалку.
-
-
Како да го поправите тоа:
-
Додајте 2-3 порции зеленчук во секое јадење со тестенини.
-
Сите видови зеленчук се одлични:
-
Артичоки, брокула, тиквички, грашок
-
Домат, кромид, спанаќ
-
-
Ќе добиете вкусен, шарен и хранлив оброк – без да се откажете од тестенините!
-
Совет за крај:
Медитеранската исхрана, која ги вклучува тестенините како дел од балансиран оброк, е одличен избор за слабење и долгорочно здравје. Тајната е во комбинацијата на намирниците и контролата на порциите – а не во целосно избегнување на јаглехидрати.
Ако сакаш, можам да ти предложам и краток наслов што ќе биде привлечен за социјални мрежи. Кажи ми!
Извор: B92
Lifestyle
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро

Пијалок што хидрира подобро од водата? Еве што откри науката!
Кога сте жедни, веројатно веднаш посегнувате по чаша вода. Но, дали знаевте дека водата не е секогаш најдобриот избор за хидратација? Според студија од Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, постојат пијалоци што го хидрираат телото подобро – и тоа поефикасно и подолго.
Млекото – победникот во хидратацијата
Истражувачите откриле дека пијалоците кои содржат малку шеќер, протеини или масти – како млекото – го задржуваат телото хидрирано подолго време. Причината? Овие состојки го забавуваат празнењето на желудникот, па течноста подолго останува во телото. Освен тоа, млекото содржи натриум кој „ја врзува“ водата и спречува прекумерно мокрење.
Зошто не секој пијалок со шеќер помага?
Не се залажувајте дека соковите или колата се добри за хидратација. Иако остануваат подолго во желудникот, високата содржина на шеќер предизвикува осмоза – телото испраќа вода во цревата за да го разреди шеќерот. Резултатот? Наместо да ве хидрираат, овие пијалоци може да направат спротивното.
А што е со кафето и пивото?
Иако алкохолот е диуретик, пивото (поради количината на течност) хидрира подобро од вискито. Кога станува збор за кафе, едно или две нормални шолји дневно хидрираат речиси исто како водата. Но, претерано количество кофеин (над 300 мг дневно) може да предизвика блага дехидрација – посебно кај луѓе кои не се навикнати на кофеин.
Заклучок:
Водата е одличен избор за секојдневна хидратација – евтина, достапна и неопходна за телото. Но, кога сакате да останете хидрирани подолго, млекото или течностите со мала количина електролити можат да бидат уште подобри. Секако, пијте го она што ви годи и слушајте го своето тело – тоа најдобро знае кога му треба вода.
Извор: N1Info
Lifestyle
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!

Клима уредот е најдобриот пријател во летните горештини, но дали знаевте дека ненадејното излегување од ладен простор на врело сонце може да биде вистински шок за телото? Експертите предупредуваат: овој „температурен скок“ може да предизвика непријатни и дури опасни реакции.
Зошто е тоа проблем?
Замислете го следново: од удобни 23°C внатре излегувате директно на 35°C надвор. Телото доживува таканаречен топлински стрес — главоболка, вртоглавица, нагло потење, па дури и проблеми со циркулацијата. Особено се изложени на ризик децата, постарите лица и хронично болните.
Златно правило за летото:
Никогаш не дозволувајте разликата помеѓу температурата внатре и надвор да биде поголема од 7-8 степени. Ако надвор е 35°C, подесете ја климата на околу 27°C. Така, телото полесно ќе се прилагоди и ќе избегнете шок.
Паметен трик пред излегување:
Планирате да излезете? Зголемете ја температурата на климата или исклучете ја 5-10 минути порано. На тој начин, организмот постепено ќе се навикне на топлината и ќе ви биде многу полесно кога ќе зачекорите надвор.
Запомнете: телото не е машина. За да се прилагоди на екстремни температурни промени, му треба малку време. Овој едноставен трик ќе ви помогне да останете свежи и здрави, дури и во најжешките денови.
Извор: N1Info
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија5 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете