Следете не

Временска прогноза

Најава за топлотен бран и висок УВ индекс, ова се најновите детали

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината не се искалучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа во следните денови и понатаму времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Dbrunner

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.

Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.

Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.

Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ладно на утро со температури под нулата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла  и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие  и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

И во Скопје  и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските  и во ноќните часови ќе има појава на магла  и ниска облачност.

Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден33 минути

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Спорт10 часа

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за понеделник (15 декември)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

Временска прогноза11 часа

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на...

Технологија12 часа

Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима

Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи...

Кичево22 часа

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника2 дена

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

НАЈЧИТАНИ