Здравје и убавина
Најдобра положба за спиење, доколку сакате да се разбудите наспани

Спиењето на грб може да биде многу корисно, но не се препорачува за лица со пореметено спиење, како и за бремени жени. Повеќето луѓе спијат на страна, во фетална положба или на стомак. Сепак, се покажа дека спиењето на грб е едноставно решение за низа состојби – од проблеми со спиењето до здравствени проблеми.
Кога станува збор за бебиња, Американската академија за педијатрија препорачува бебињата да спијат на грб за да го намалат ризикот од синдром на ненадејна смрт на новороденчиња (СИДС).
Според Healthline, спиењето на грбот на возрасните може да биде корисно за:
– исправено држење на ‘рбетот
– намалување на тензичната главоболка
– намалување на притисокот во градите
– спречување на акумулација на слуз во синусите
– намалување на болки во грбот и вратот
– спречување на брчки и иритација на кожата
Извор: Нова.рс
Здравје и убавина
Овој рецепт за само три дена ги чисти вашите бели дробови

Никој од нас нема време да ги примени комплицираните режими на исхрана кои се неопходни за чистење на организмот. Затоа ви го претставуваме методот кој ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови за само три дена.
Многу луѓе никогаш во животот не запалиле цигара а имаат проблем со белите дробови, додека други се пушачи и по 30-40 години, а ги немаат тие проблеми.
Изгледа дека се е индивидуално, но цигарите сепак допринесуваат за лошата состојба на белите дробови. Овој метод им е повеќе потребен на пушачите, но без разлика дали сте пушач или непушач, сигурно ќе ви годи да ги исчистите белите дробови од токсини.
Еве како да го направите тоа за само три дена.
Два дена пред овој процес би требало да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот, испијте шолја билен чај пред спиење.
Тоа ќе помогне за вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени во текот на процесот на детоксикација.
Постапка:
Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте ја пред појадок.
Испијте 300 милилитри сок од грејпфрут или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.
Меѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри чист сок од моркови. Тоа ќе помогне за да се зголеми алкалноста на крвта.
Во текот на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистење на белите дробови. Рецептот за овој сок следува во продолжение.
Рецепт:
Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама зелени пиперки, 200 грама поточарка и 350 грама краставици. Тоа би требало да биде мерката за околу 400 милилитри сок.
На крајот, пред спиење треба да испиете 400 милилитри сок од брусница.
Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во текот на тие денови, доволно да спиете, а можете да направите и топла купка барем 20 минути дневно за да ја зголемите детоксикацијата.
Овој режим можеби е малку напорен, но за само три дена ќе почувствувате неверојатни резултати.
/denar.mk
Здравје и убавина
Дали ни требаат три оброци на ден?

Нутриционистите се посветени на пет оброци, но повеќето имаат три оброци на ден. Имено, модерниот живот е концентриран на овој начин на исхрана – појадокот е најважниот оброк во денот, паузата на работа се користи за ручек, а потоа општествениот и семејниот живот се врти околу вечерните оброци.
Сепак, дали е ова најздравиот начин на исхрана?
Научниците го разгледуваат прашањето за исхраната на повеќе нивоа, а еден од најважните аспекти е прашањето за ограничување на оброците на период од осум часа. Имено, истражувањата се повеќе одат во насока на теоријата дека на човечките тела му требаат најмалку 12 часа на ден без храна за да го одмори дигестивниот систем.
Повремен пост
Розалин Андерсон, вонреден професор на Факултетот за медицина, изјави за Би-Би-Си дека секојдневен пост секогаш носи одредени придобивки.
„Постот го доведува телото до состојба дека е поподготвен, поотпорен на многу болести. „На телото му треба одмор за да може да складира енергија“, објаснува Андерсон.
Еден оброк на ден не е за дијабетичари
Од друга страна, некои стручњаци тврдат дека е најдобро да се има еден оброк дневно, меѓу кои и Дејвид Левицки, професор на Универзитетот во Њујорк.
„Има многу податоци кои покажуваат дека ако ви покажам храна или слики од храна, веројатно ќе јадете, а колку почесто храната е пред вас, толку повеќе ќе јадете тој ден. „Низ историјата конзумиравме по еден оброк на ден, вклучително и старите Римјани кои јадеа по еден оброк напладне“, објаснува Левицки, истакнувајќи дека чувството на глад воопшто не треба да ве мачи бидејќи тоа е психолошка сензација. Тој наведува и дека препораката за еден оброк дневно не е за луѓето кои боледуваат од дијабетес.
Најважно е конзистентноста
Сепак, истражувачите сугерираат дека најдобрата опција е два до три оброци на ден – со најголем дел од калориите внесени порано во текот на денот и појадок еден час или два по будењето. На тој начин телото има време да ја преработи храната и да ја направи ваша животна енергија, а проблемите со срцето најверојатно ќе ве заобиколат. Без оглед на промените што ги правите, истражувачите се согласуваат дека доследноста е клучна.
„Телото работи по шаблони. А повремениот пост е само наметнување на шаблони, што е многу пожелно за организмот. Исто така, денес луѓето не се консумираат како пред сто години, па ни требаат помалку калории, оброците треба да бидат полесни“, наведува Андерсон.
/politika/
Здравје и убавина
Здрав напиток против болките од камен на бубрезите

За да ја спречите оваа непријатна и болна појава решението побарајте го во овој вкусен и исклучително здрав напиток, кој голем процент помага во болките. Имено, истражувањата покажуваат дека едно од десет лица во животот добива камен во бубрезите.
Состојки:
-1 портокал
– 1 јаболко
– 1 лимон
– 4 кришки лубеница
– 4 коцки мраз
Подготовка:
1. Портокалот и лимонот олупете ги отстранете ги семките и кората од лубеницата, а останатото овошје добро измијте го.
2. Исецкајте го овошјето на коцки и ставете го во блендер.
3. Додадете мраз и заедно добро измешајте додека да добиете смеса без парчиња.
4. Напитокот консумирајте го свежо подготвен, не правете залихи.
Совет:
– Напитокот пијте го два пати дневно пред оброците
– Дополнително пијте голема количина на вода и билни чаеви
– Цитрусите ќе го разградат калциумот, а лубеницата е одличен диуретик кој ги чисти бубрезите.
/denar.mk
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (17 мај)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
-
Кичево1 ден
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
-
Македонија11 часа
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Временска прогноза5 часа
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи
-
Lifestyle2 дена
Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година
-
Временска прогноза14 часа
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..
-
Магазин10 часа
Доаѓаат големи промени во iOS 16