Lifestyle
Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
Мувлата е чест проблем во домовите, особено во текот на зимата кога во просториите се собира кондензација и влага. Таа најчесто се појавува како темни дамки на ѕидовите, а ако не се реагира навреме, може да предизвика оштетувања и здравствени проблеми. Еве кои се најдобрите начини за ефикасно и трајно отстранување на мувлата, според советите на експертите за чистење.
Зошто се појавува мувлата?
Мувлата најчесто се јавува поради зголемена влажност, недоволна вентилација или продор на вода. Кога воздухот во домот е влажен и нема доволно циркулација, на ѕидовите се создава идеална средина за раст на мувла. Затоа е важно, покрај чистењето, да се најде и реши изворот на влагата.
Бел оцет – природно решение
Еден од најдобрите и најевтините начини за отстранување на мувла е употребата на бел оцет. Тој има природни антисептички својства и ефективно ги уништува спорите на мувлата.
Како се користи:
Измешајте еден дел бел оцет со еден дел вода во шише со распрскувач. Испрскајте ја погодената површина и оставете да делува околу еден час. Потоа избришете со влажна крпа. За поупорни дамки, може да се користи и неразреден оцет.
Многу експерти предупредуваат дека белилото често се користи погрешно, бидејќи го отстранува само горниот слој на мувлата, без да ги уништи спорите во длабочината на ѕидот.
Сода бикарбона – природен антисептик
Содата бикарбона е уште едно безбедно и ефикасно средство. Таа делува како благ антисептик и ја намалува влажноста на површината.
Како се користи:
Измешајте три лажици сода бикарбона со половина литар вода, нанесете на мувлосаната површина, оставете да делува 15 минути, а потоа избришете со сува крпа.
Специјализирани спрејови против мувла
На пазарот постојат и спрејови специјално наменети за уништување на мувла и габи. Тие содржат активни состојки кои продираат во порозните површини и ги уништуваат спорите во коренот.
Како се користат:
Нанесете го спрејот на засегнатото место, оставете неколку минути да делува и избришете со чиста крпа. Секогаш носете ракавици и проветрете ја просторијата додека го користите производот.
Белило – внимателно користење
Белилото може да биде корисно на плочки, фуги и други цврсти површини каде што мувлата се појавува често, но не се препорачува за обоени ѕидови.
Како се користи:
Направете раствор од еден дел белило и четири дела вода. Со мека крпа избришете ја површината и потоа исушете ја темелно. Внимавајте, бидејќи белилото може да го обезбои ѕидот и да остави траги.
Како да се спречи повторно појавување на мувла
Откако ќе ја исчистите мувлата, важно е да спречите повторна појава. Експертите нагласуваат дека вентилацијата и сувиот воздух се клучни.
Совети за превенција:
-
Редовно проветрувајте ја секоја просторија, особено после туширање или готвење.
-
Користете вентилатори или одвлажнувачи на воздух.
-
Поправете ги сите протекувања на кровот или водоводот.
-
Одржувајте стабилна температура во домот за да се намали кондензацијата.
-
Избришете ја кондензацијата од прозорците и ѕидовите кога ќе се појави.
Со следење на овие едноставни совети, можете трајно да ја отстраните мувлата и да го зачувате вашиот дом чист, здрав и пријатен за живеење.
Клучот за успех: откријте ја причината за влагата, подобрете ја вентилацијата и редовно одржувајте го домот.
Извор: Danas
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
Lifestyle
5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис
Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.
5. Шнауцер
-
Достапни во три големини.
-
Познати по интелигенција и лојалност.
-
Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.
4. Малтезер
-
Мало, нежно и пријателско куче.
-
Хипоалергично и паѓа исклучително малку.
-
Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.
3. Португалско водно куче
-
Интелигентни, енергични и многу послушни.
-
Обожаваат вода.
-
Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.
2. Бишон Фризе
-
Разиграно, нежно и многу приврзано куче.
-
Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.
-
Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.
1. Пудлица
-
Една од најинтелигентните раси во светот.
-
Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.
-
Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.
-
Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“
Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?
-
Правилната исхрана е клучна.
-
Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.
-
Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.
Извор: Vecernji
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle1 ден(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза12 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Автомобили2 дена„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка
