Следете не

Временска прогноза

Најнова метео анализа, не очекува пораст на дневните температури..

Објавено пред

на

Нашата територија се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето во следните денови ќе се задржи сончево и релативно топло со мала до умерена облчност за време на викендот.

Утре и во петок во утринските часови ќе биде релативно студено и температурите особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Денес ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на максималните температури за околу 3 степени, особено од утре до сабота.

Позначителен пораст на максималните температури кој ќе бидат натпросечно високи се очекува на самиот крај од оваа, како и во почетокот на следната седмица.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време.

Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 7 степени. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, за Еспресо истакна метеорологот Славчо Попоски

Временска прогноза

Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните  и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.

Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните  ги советувам за време на овие летни горештини да пијат  и повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.

Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.

Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.

Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.

И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

– Апелирам во случај на појава на невреме  и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (9 август)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево6 часа

(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера,...

Култура15 часа

Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка. Таа е родена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија1 ден

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија1 ден

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

Автомобили2 дена

Ford открива повеќе за новите буџетски возила

Најавата доаѓа со големи очекувања • Ford ќе открие повеќе информации за своите претстојни евтини електрични возила на настан што...

Lifestyle2 дена

Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе

Навиката со утринското кафе може да ја намали ефикасноста на суплементите За многу луѓе, денот не може да започне без...

Автомобили2 дена

Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок

Легендата продолжува Веќе 46 години, Mercedes-Benz G-класата е симбол на луксуз, моќ и трајност. Позната по својот карактеристичен „кубен“ дизајн...

НАЈЧИТАНИ