Временска прогноза
Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.
Потоа утре ќе се задржи претежно сончево, додека во петок облачноста полека ќе се зголемува, а за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во недела.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север. Во недела исто така ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Конечно очекуваните летни температури на повидок во Македонија, ова се информациите

Територијата на Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот започнуваат постепено да растат од викендов.
Во периодот од 2 јуни (понеделник) до 8 јуни (недела) ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат и 35 степени, што значи дека пред нас е првиот поголем топол Африкански бран за оваа сезона.
На метеоролошката карта можеме да видиме дека целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од овој Африкански топол бран и истиот ќе услови високи температури на воздухот насекаде во регионот.
Што се однесува пак до врнежите, следната седмица речиси и дека ќе ги немаме, односно, времето ќе биде многу постабилно и посуво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата, па така локално во нашата Македонија ќе има услови за сосема краткораен дожд.
Лубителите на летото и на летните температури на воздухот конечно си доаѓаат на своето, што значи дека истите ќе уживаат во летното топло време, информираше Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (3 јуни)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Временска прогноза6 часа
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите
-
Македонија2 дена
Малолетници вчера биле тешко повредени откако паднале од мотор, апел за големо внимание!
-
Спорт2 дена
Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место
-
Македонија23 часа
МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство
-
Македонија22 часа
(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта
-
На денешен ден22 часа
Времеплов: На денешен ден – 3 јуни