Следете не

Мобилни уреди

Најновото „чудовиште“ серијата „S“ на Самсунг телефоните би можел да има титаниумски рамки, но сепак ќе биде сличен на претходникот

Објавено пред

на

Серијата Samsung Galaxy S24 би можела да има нов материјал наместо алуминиум. Apple неодамна ги претстави iPhone 15 Pro, iPhone 15 Pro Max, неговите водечки телефони за 2023 година, кои имаат титаниумски рамки наместо рамки од нерѓосувачки челик што се наоѓаат на нивните претходници. Иако Samsung допрва треба да ги открие плановите за лансирање на серијата Galaxy S24, се шпекулира дека титаниумот ќе има значајна улога во конструкцијата на телефонот, што секако ќе влијае на цената.

Засега е познато дека Samsung сака да произведе титаниумски рамки за стандардниот модел Galaxy S24. За таа цел се потпира на две партнерски компании. Galaxy S24 ќе има голема сличност со својот претходник, четири задна камера и поддршка за Samsung S Pen, истакнаа на gadgets360.com

Мобилни уреди

„Samsung Galaxy S25“ водечки мобилен уред на глобалниот пазар на премиум смартфони

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz

Од својата презентација на пазарот на почетокот од годинава, серијата „Samsung Galaxy S25“ се етаблира како водечки играч на глобалниот пазар на премиум Android смартфони. Најновите податоци покажуваат дека побарувачката за овие уреди е толку висока, што дури и вкупната продажба на сите други Android флегшипи со ист процесор не успева да ја надмине таа на „Galaxy S25“.

Според информациите што ги објави реномираниот технолошки инсајдер Ice Universe, до крајот на јуни, вкупната глобална продажба на серијата S25 достигнала 20,22 милиони единици. Тоа претставува пораст од 2,2 милиони во споредба со серијата Galaxy S24 во истиот период лани, која тогаш броеше 18,02 милиони продадени уреди. Овој раст јасно покажува дека интересот за новата генерација продолжува да расте.

Особено впечатливо е што сите останати Android флагшипи со процесорот Qualcomm Snapdragon 8 Elite (со исклучок на Samsung верзијата) заедно не успеале да надминат 20 милиони продадени единици во првата половина од годината. Ова ја става серијата S25 пред целата конкуренција.

Една од клучните предности на Samsung е користењето на ексклузивната верзија од процесорот – Snapdragon 8 Elite for Galaxy – прилагодена специјално за нивните уреди. Главното јадро на овој чипсет работи на фреквенција од 4,47 GHz, што е повисоко од стандардните 4,32 GHz. Заедно со напредните AI функционалности и ветената 7-годишна софтверска поддршка, оваа комбинација ја прави серијата Galaxy S25 особено привлечна за глобалните потрошувачи.

Иако Ice Universe не откри конкретен извор за податоците, неколку независни анализи на пазарот ја потврдуваат лидерската позиција на Samsung во првиот и вториот квартал од годинава, при што компанијата останува број еден во светските испораки на смартфони.

Извор: sammobile.com

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Се чини дека 5000 mAh батерија на современите телефони не е доволна

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во минатото, паметните телефони со батерија од 5000 mAh се сметаа за уреди со солидна издржливост. Но денес, ова веќе не е импресивен капацитет. Новите податоци од Counterpoint Research покажуваат дека во првиот квартал од 2025 година, дури 71% од сите смартфони имале батерија од најмалку 5000 mAh, а 10% од нив дури надминуваат 6000 mAh.

Овие високи капацитети, кои порано беа карактеристични за телефони од средната класа, сега стануваат стандард и кај премиум моделите. Очигледно е дека 5000 mAh сè повеќе се гледа како основа, додека етикетата „голема батерија“ сега се применува на уреди со 6000 mAh и повеќе.

Една од причините зошто порано беше тешко да се стават поголеми батерии беше тоа што тие зафаќаа многу простор, што влијаеше врз можноста да се сместат и други важни компоненти, како камери и системи за ладење. Дополнително, поголемите батерии можеа да го нарушат дизајнот и удобноста при користење, што е важно кај уредите од повисока класа.

Решение на овој предизвик се новите силициум-јаглеродни (Si-C) батерии, кои нудат повисока енергетска густина, заземаат помалку простор и се полнат побрзо од традиционалните литиум-јонски. Неколку производители, како Honor, OnePlus и realme, веќе почнаа да ги користат овие батерии во своите најнови уреди.

Модели како OnePlus 13 и realme GT 7 успеваат да понудат батерии над 6000 mAh, без да прават компромиси со дебелината и изгледот на телефонот.

Се чини дека иднината на смартфоните оди кон уреди кои ќе имаат издржливост за цел ден, без да се жртвува дизајнот. Благодарение на новите технологии, корисниците сега можат да очекуваат тенки телефони со батерии што траат значително подолго, пишуваат колегите од „benchmark.rs“

Прочитај повеќе...

Магазин

Google откри како ќе изгледа Pixel 10 – нова камера и редизајн? (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Фото: Samuel Angor @ unsplash

Официјалното претставување е закажано за 20 август

Google повторно ја следи својата традиција – со рано откривање на изгледот на барем еден од своите нови Pixel телефони. Овојпат, тоа се случува речиси еден месец пред официјалната премиера, закажана за 20 август.

На насловната страна на Google Store се појави кратко промотивно видео, кое ни дава прв поглед на она што се претпоставува дека е основниот Pixel 10. Видеото открива дизајн сличен на минатогодишниот Pixel 9, но со неколку значајни измени.

Кои се новитетите?

  • Нова сиво-сина боја, која му дава модерен и освежен изглед.

  • Редизајнирана задна страна – изгледа како површината на телефонот да “излегува” од рамката.

  • Трета камера – за првпат, и основниот модел можеби ќе добие телефото објектив.

Да потсетиме, Pixel 9 беше опремен само со широкоаголна и ултраширокаголна камера, додека телефото леќата беше ексклузивна за Pixel 9 Pro. Новите протечени информации сугерираат дека во 2025 година сите Pixel модели би можеле да имаат трикамерен систем.

Иако видеото не открива многу технички детали, се претпоставува дека Google ќе се фокусира на подобрувања под хаубата – како новиот чипсет Tensor – наместо на драматичен редизајн на уредот.

Сè ќе биде јасно на 20 август, кога Google ќе ги открие сите детали за новите Pixel 10 уреди.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево13 минути

Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно...

Спорт3 часа

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој...

Македонија4 часа

УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи...

Кичево5 часа

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во...

Храна5 часа

Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други...

Магазин5 часа

Серијата Xiaomi 16 носи големи промени и два Pro модели

Премиум серијата паметни телефони на Xiaomi досега секогаш се состоеше од три модели – основен, Pro и Ultra. Првите два...

Магазин5 часа

Кога треба да ги замените HDMI каблите?

HDMI 2.1 носи значителни предности во однос на HDMI 2.0 – поголема брзина, подобар звук и можност за 4K на...

Lifestyle5 часа

Зошто е корисно да испиеме чаша вода веднаш по будењето?

Водата е најважниот извор на живот и сочинува околу 60% од нашето тело. Редовната хидратација е клучна за добро здравје,...

Македонија5 часа

(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Технологија5 часа

„Microsoft“ ќе ја прекине поддршката за „Windows 11 SE“

Microsoft официјално објави дека ќе ја прекине поддршката за Windows 11 SE – верзијата на својот оперативен систем дизајнирана специјално...

НАЈЧИТАНИ