Следете не

Lifestyle

Наплатната влезница за престој во Венеција влегува во друга фаза

Објавено пред

на

©unsplash.com

Следната година ќе започне втората експериментална фаза на наплата на билет за посета на Венеција. Годинава бројот на денови во кои билетот се наплаќал по цена од пет евра бил 29, а следната година во одредени случаи билетот ќе чини десет евра и ќе се плаќа 54 дена во годината.

Втората експериментална фаза за влез во Венеција преку плаќање билети ќе започне во 2025 година. Беа воведени нови правила за да се направи оваа мерка поефикасна, а целта на општината е да го ограничи прекумерниот туризам и да го направи градот попогоден за живеење.

Годинава во текот на 29 експериментални денови општина Венеција заработила два милиони и 425.000 евра, во просек по 17.000 евра дневно. Билетот го платиле 485.000 луѓе.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро, вели дека Венеција е првиот град во светот кој се справува со проблемот со прекумерниот прилив на туристи, што создава големи проблеми за самиот град, жителите и туристите кои не уживаат во нивната посета.

Венеција беше првата во светот која воведе резервации за влез во градот во најкритичните денови. За 2025 година воведовме две новини: двојно се зголемува бројот на денови за плаќање за влез во градот, а кој наместо пет не резервира четири дена пред влез, плаќа десет евра. Преку резервации знаеме точно колку луѓе доаѓаат во нашиот град и можеме на посетителите да им обезбедиме подобра услуга“, објаснува градоначалникот Бруњаро.

„Оваа идеја не е создадена за да се наполни општинската каса, туку да се олесни животот во градот за сите што живеат во него. Периодот од 2025 година ќе биде горе-долу ист како годинава од 28 април до 27 јули, но ќе има повеќе денови, вкупно 54. Ќе има и контроли кои повлекуваат административни, но и кривични казни“, најави Микеле. Зуин, советник за буџет на општина Венеција.

Дневно ограничување на бројот на туристи кои ќе ја посетат Венеција и следната година нема. И додека одреден број граѓани на Венеција не се за наплата на влезница, што, според нив, ја прави Венеција Дизниленд, општината не се откажува од оваа идеја, сметајќи ја за пример за остатокот од светот. .

– „После овој експеримент, луѓе ни се јавија од целиот свет, од Форментера до Кјото, за да не прашаат каков систем користевме и да им дадат совет како сè функционира толку добро. Ова е експеримент кој ќе продолжи и во наредните години, од кој учиме и ќе видиме како ќе испадне“, изјави Симоне Вентурини, советник за економски развој на Венеција.

Втората експериментална фаза започнува на 28 април и ќе трае до 27 јули 2025 година. Цената е уште пет евра, освен ако не го резервирате билетот во последен момент, кога ќе биде 10 евра.

Извор: rts.rs

Lifestyle

Лимонада со нане и краставица – природен пијалок за освежување и хидратација

Објавено пред

на

ФОТО: Svitlana @ Unsplash.com

Овој лесен и освежителен пијалок не само што го гаси жедта во топлите денови, туку истовремено го хидрира телото, има смирувачки ефект врз желудникот и придонесува за благ детоксикациски процес.

Потребни состојки:

  • 1 литар ладна вода (по можност филтрирана)

  • 1 голем лимон (или 2 помали), исечен на прстени

  • Половина свежа краставица, тенко исечена

  • 8–10 свежи листови од нане

  • По желба: 1 лажичка мед или неколку капки агавен сируп

  • Мраз (по вкус)

Подготовка:

  1. Во голем бокал ставете ги исечените лимон, краставица и листовите нане.

  2. Додадете мраз и наполнете со ладна вода.

  3. По вкус, можете да додадете мед или агавен сируп за лесна сладост.

  4. Ставете го пијалокот во фрижидер најмалку 30 минути за да се спојат аромите – идеално е да отстои 2 до 3 часа.

  5. Сервирајте ладно, со дополнителен лист нане и парче цитрус во секоја чаша за подобар визуелен и вкусен ефект.

Корисен совет:

Покрај тоа што е природен начин за разладување, овој пијалок делува смирувачки на дигестивниот систем и може да помогне во ослободување од токсини. Идеален е за секојдневна хидратација, особено во летните месеци.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки

Објавено пред

на

Фото: Eugenia Pankiv / @unsplash

Во текот на годината, во телото се акумулираат штетни материи и токсини, а летниот период е идеално време за лесна и природна детоксикација. За да му помогнете на организмот да се ослободи од насобраните отрови и да го подобрите функционирањето на црниот дроб, можете да подготвите освежителен пијалок од само две состојки.

Овој пијалок не само што го поддржува метаболизмот и варењето, туку може да помогне и при губење на вишокот килограми.

Состојки:

  • 2 големи парчиња лубеница

  • 1 лимон

Подготовка:

Исечете ја лубеницата на помали парчиња и ставете ги во блендер или соковник. Додадете свежо исцеден сок од еден лимон и добро измешајте. Пијалокот е подготвен веднаш за консумирање. Најдобро е да се пие свеж, наутро или помеѓу оброци.

Зошто е корисен овој пијалок?

  • Лубеницата е богата со вода и содржи аминокиселината L-цитрулин, која во телото се претвора во L-аргинин – супстанција што помага во елиминација на токсини. Таа исто така содржи калиум, кој е важен за здравјето на бубрезите и ја поттикнува природната детоксикација.

  • Лимонот го стимулира варењето, го поддржува црниот дроб и го алкализира телото, што придонесува за подобра pH рамнотежа. Тој делува и како природен лаксатив, па може да помогне при запек.

Овој природен пијалок е одличен избор во летните месеци – не само за освежување, туку и како дел од здрав начин на исхрана и одржување на виталноста на телото.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!

Објавено пред

на

©porta.mk

Во Кичево после подолго време се отвора ноќен клуб каде несомнено ќе биде новиот „епицентар“ на младите, според планираната агенда и работна програма. Во сосема нов, уреден стил, дизајн, кои го задоволуваат потребниот стандарт на модерното време „Клиника Клуб“ на гостите ќе им овозможи одлична програма.

Токму оваа сабота 21-ви јуни со почеток од 22:00ч стартот и официјалното отворање „Клиника Клуб“ го започнува со една од најпопуларните и најбарани пејачки на српската и регионалната сцена, позната по својата харизма, енергични настапи и бројни хитови – Катарина Грујиќ

Грујиќ стана особено славна кога се појави во „Ѕвезде гранда“ далечната 2012, каде ги освои сите симпатии, а беше дел и од шоуто „Фарма“ каде ја покажа својата сила и издржливост, но исто така привлече внимание од јавноста со своите ставови и постапки.

Влезот е со ограничен број, резервациите се во тек на тел бр. 071/799-993, бидете дел и не пропуштајте. „Клиника Клуб“ се наоѓа на локацијата ТУКА, располага со паркинг место и сосема нов модерен стил на објект.

Заследете ги нивните официјални фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА профили, следете ги нивните најнови содржини и агенди.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (20 јуни)

ОВЕН Пред вас е поволен период доколку имате во план некои нови потези на работно поле. Имате проблеми со саканата...

Спорт4 часа

Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал...

Временска прогноза4 часа

Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота...

Скопје8 часа

Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче...

Македонија10 часа

Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит,...

Lifestyle13 часа

Лимонада со нане и краставица – природен пијалок за освежување и хидратација

Овој лесен и освежителен пијалок не само што го гаси жедта во топлите денови, туку истовремено го хидрира телото, има...

Lifestyle13 часа

Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки

Во текот на годината, во телото се акумулираат штетни материи и токсини, а летниот период е идеално време за лесна...

Магазин14 часа

Samsung ја завршува поддршката за Tizen паметните часовници – важи од септември 2025

Компанијата Samsung најави дека поддршката за нејзините паметни часовници со оперативен систем Tizen ќе заврши до крајот на септември 2025...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (19 јуни)

ОВЕН Ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви...

Скопје1 ден

МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна...

НАЈЧИТАНИ