Свет
НАСА потврди: Следниот обид за лансирање на Artemis е закажан за сабота
Двочасовното лансирање е закажано за 20:17 часот по наше време
Подгответе ги вашите места – НАСА планира нов обид за лансирање на ракетата Space Launch System (SLS) за сабота, 3 септември, потврди вселенската агенција, пишува The Verge.
Да потсетиме дека првиот обид за лансирање пропадна на 29 август откако се појавија проблеми со моторот број 3, односно кога беше утврдено дека тој не ја достигна саканата температура и не е во најдобра синхронизација со другите мотори. Новиот обид првично се шпекулираше дека ќе биде закажан за 2 септември, но лансирањето беше одложено за сабота поради лошите временски услови.
Двочасовното лансирање е закажано за 20:17 часот по ET од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.
Инаку, SLS е најмоќното возило што некогаш го развила НАСА и ќе биде основата на нејзиниот проект Artemis, чија цел е да ги врати луѓето на површината на Месечината по 50 години. Нејзината задача ќе биде да ја земе капсулата Орион, далеку, далеку од Земјата.
Капсулата е беспилотна за оваа демонстрација, но ако се претпостави дека целиот хардвер работи како што треба, астронаутите ќе ја користат за сè покомплексни вселенски мисии почнувајќи од 2024 година. Според планот, мисијата ќе трае шест недели, а на висина помала од 4.000 километри од Земјата, Орион ќе се одвои од ракетата, ќе орбитира околу Месечината уште шест дена, а потоа ќе слета во Тихиот Океан на 11 октомври. .
НАСА е соочена со краток временски период за лансирање на ракетата, бидејќи овој период од годината на Флорида времето е многу динамично, со чести електрични бури кои минуваат над космодромот.
Ракетата не смее да полета на дожд.
Свет
Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.
Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.
🔔#Earthquake (#地震) M6.4 occurred 142 km NE of #Hachinohe (#Japan) 11 min ago (local time 06:52:42). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/1tFIB9RTX3
🖥https://t.co/AenVB0EsL3 pic.twitter.com/rynZOPWGPH— EMSC (@LastQuake) December 8, 2025
До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.
Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Кичево20 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија17 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
