Спорт
Нашата најдобра судијка Пројковска ќе суди на Светското првенство за жени до 20 год во Колумбија на мечот С.Кореја – Аргентина
Нашата најдобра судијка, Ивана Пројковска продолжува да ја претставува Македонија и Фудбалската федерација на највисоките нивоа на меѓународниот фудбал. Неодамна, доби признание и обврска да биде дел од арбитрите на Светското првенство за жени до 20 години кое денеска започнува во Колумбија.
Новото признание за Ивана Пројковска ја истакнува нејзината посветеност, бидејќи повторно е дел од големо натпреварување и важен турнир, покажувајќи го значењето на нашите официјални лица на светската сцена.
Натпреварот помеѓу Северна Кореја и Аргентина ќе го суди Ивана Пројковска, а нејзини асистентки се Линда Шмид (Швајцарија) и Камил Сориано (Франција).
На Светското првенство во Колумбија, ФИФА за прв пат ќе користи технологија Football Video Support (VS), поедноставена алтернатива на видео помошните судии (ВАР), бидејќи Светската фудбалска асоцијација продолжува да ја поттикнува употребата на технологија за да им помогне на судиите, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Кичево9 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Македонија23 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп22 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија1 денПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
-
Магазин1 денКако да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов
