Спорт
Нашите најмлади фудбалери до 15 години ќе одиграат два контролни меча против Хрватска, додека женската млада репрезентација ќе гостува на турнир во Полска

Младата репрезентација на Македонија до 15 години (фудбалери родени 2009 година) ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Хрватска. Контролните пресметки против Хрватска ќе бидат одиграни во Велика Горица.
Избраниците на селекторот Драган Начевски првиот меч со Хрватска ќе го одиграат на 12. март, со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е вториот контролен дуел помеѓу овие две репрезентации. Мечот ќе започне во 11. часот.
Младиот национален тим за овие натпревари главно ќе биде составен од играчи што произлегуваат од ФФМ Академијата. Селекторот Драган Начевски, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Лука Грчевски Вардар
Даријан Денковски ФФМ Академија
Ринор Цека ФФМ Академија
Аријан Џафери Академија ФФМ
Фадиљ Исламовиќ Академија ФФМ
Ердин Мамути Академија ФФМ
Стефан Јорданоски Академија ФФМ
Матеја Масев Црвена Звезда, Србија
Мартин Атанасковски Академија ФФМ
Давид Лиотоски Охрид
Мартин Џангаровски Академија ФФМ
Сонер Ракипи Академија ФФМ
Лука Ѓорѓиоски Академија ФФМ
Михаил Митревски Академија ФФМ
Сеит Руфати Академија ФФМ
Антонио Атанасов Академија ФФМ
Бленди Љачка Академија ФФМ
Васко Папалиски Парк
Андреј Цветковски Академија ФФМ
Матеј Петков Академија Петков
Јане Симоновски Академија ФФМ
Јаков Стојковски Падерборн, Германија
Бојан Митушковски Академија ФФМ
Марко Божиновски Академија ФФМ
Контролни натпревари во Велика Горица
Репрезентации до 15 години
Хрватска – Македонија 15:00 12.март (прв натпревар)
Хрватска – Македонија 11:00 14.март (втор натпревар)
Додека пак младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 13 до 19 март ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за жени, кој ќе се одржи во Полска. Младите фудбалерки на Македонија се наоѓаат во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите.
Противници на нашата репрезентација ќе бидат Полска (домаќин), Данска и Шкотска. Првиот меч од квалификацискиот турнир го играме против домаќинот Полска, со почеток од 14. часот на 13. март.
Во второто коло силите ќе ги одмериме со селекцијата на Данска. Дуелот е закажан на 16. март, со почеток од 14. часот. Три дена подоцна, во последното коло играме против Шкотска, со почеток од 14. часот.
Предводникот на младата женска репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова (Скопје)
Евгенија Вељановска (Скопје)
Миа Петровска (Бохум, Германија)
ОДБРАНА:
Мила Панева (Скопје)
Андреа Коловска (Љуботен)
Михаела Додевска (Скопје)
Михаела Марковска (Топ Гол)
Ангела Димчова (Цевитана)
Кристина Крстева (Скопје)
Васка Василева (Тиверија)
СРЕДЕН РЕД:
Никица Трендова (Скопје)
Теона Галабовска (Тиверија)
Ева Величковска (Љуботен)
Јована Каралиоска (Цевитана)
Ева Конева (Истатов)
НАПАД:
Настасја Накова (Скопје)
Розита Пецева (Тиверија)
Калина Попески (Црвена Звезда)
Меланија Грозданова (Скопје)
Емили Митковска (Речица)
Квалификациски турнир, Полска
РАСПОРЕД:
Полска – Македонија 14:00 13.03.2024
Данска – Македонија 14:00 16.03.2024
Македонија – Шкотска 14:00 19.03.2024
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!