Магазин
Наскоро пристигнува грамофонот на ИКЕА

ИКЕА веќе некое време нуди технолошки производи под сопствен бренд, како што се звучници направени во соработка со Sonos или прочистувачи на воздух. Компанијата сега се здружи со познатиот музички гигант, Swedish House Mafia, за да ја претстави новата колекција инспирирана од музиката OBEGRÄNSAD.
Колекцијата ќе има 20 различни компоненти, а најинтересен секако ќе биде грамофонот. Во суштина е „спартански“ направен, без многу опции, но носи можност за поврзување со блутут звучници.
Покрај грамофонот, во колекцијата секако ќе има и мебел. Едно од парчињата мебел ќе биде специјална маса за музичка продукција. Ќе има два држачи за звучници, како и посебна преграда за извлекување за MIDI тастатура и разни контролери. Колекцијата ќе има и специјализирано столче, наменето за опуштање и уживање во музиката.
Колекцијата OBEGRÄNSAD ќе биде достапна во продавниците оваа есен. Засега нема индикации за цената, но ако се земе предвид ценовниот опсег на претходно претставените технолошки производи на ИКЕА, веруваме дека новите модели ќе бидат достапни.
Извор: Engadget
Технологија
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони

Qualcomm ги претстави најновите членови на својата серија Snapdragon X процесори за лаптопи, паралелно со новиот систем-на-чип за премиум мобилни уреди. Главната ѕвезда е Snapdragon X2 Elite Extreme — чип создаден за ултра-премиум Windows 11 лаптопи, подготвен да се справи со најсложените и најресурсно-интензивни задачи. Овој процесор е оптимизиран за брза обработка на вештачка интелигенција (AI) и долготрајна автономија на батеријата, што го прави совршен избор за професионалци и креатори кои бараат максимални перформанси.
Новата генерација Snapdragon X2 Elite доаѓа во две конфигурации — со 18 јадра и со 12 јадра, а според тврдењата на Qualcomm, станува збор за „најбрзите, најмоќните и најенергетски ефикасни“ процесори некогаш создадени за Windows лаптопи.
Првиот Snapdragon X Elite беше претставен во 2023 година како наследник на серијата Snapdragon 8cx Gen 3, што означи радикален чекор напред во перформансите и архитектурата. Во 2024 година, Microsoft ги претстави првите Copilot+ компјутери со овој чип, а Qualcomm потоа го прошири понудата со Snapdragon X за Copilot+ уреди во ценовниот ранг под 600 долари, прикажани на CES 2025.
Најновиот Elite Extreme е насочен кон научници, иноватори и професионални креатори, кои се занимаваат со анализи на големи податоци, обработка на медиумски содржини и научни истражувања. Во неговото срце се наоѓа третата генерација на Oryon процесорот, кој според Qualcomm, нуди до 75% поголеми перформанси во споредба со конкурентските решенија. Дополнително, тука е и Hexagon NPU, кој компанијата го опишува како „најбрзиот NPU за лаптопи“, дизајниран да овозможи истовремено работење на повеќе AI алатки и интелигентни функции на Copilot+ платформата.
Дури и стандардните Elite модели од новата серија нудат значителни подобрувања — до 31% побрза работа и 43% помала потрошувачка на енергија во споредба со претходната генерација. Иако се насочени кон поширока публика, тие сепак поддржуваат AI искуства од следната генерација.
Според најавите, првите лаптопи со Snapdragon X2 Elite процесори ќе пристигнат во првата половина на 2026 година, отворајќи ново поглавје во светот на Windows лаптопите со вештачка интелигенција.
Извор: engadget.com
Хороскоп
Хороскоп за вторник (7 октомври)

ОВЕН
Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери. Ако се отворите и бидете искрени, ќе знаете точно на што сте и што можете да очекувате. Кога станува збор за работата, ќе ја добиете сета помош што ви треба доколку ја побарате. Ништо не е невозможно, но сепак треба да работите напорно.
БИК
Застанете малку повеќе за себе и вашите права. Предизвиците не се тука за да ги нарушат вашите планови, туку да ви помогнат подобро да разберете колку потенцијал имате. Не гледајте на работите негативно, барајте сè што сакате или што може да ви користи. Со отворен ум и топло срце, нема пречки.
БЛИЗНАЦИ
Не бегајте од предизвиците. Заземете победнички став и препуштете се на нови искуства. Ако го направите тоа и успеете да ја контролирате несигурноста, ќе ги изненадите луѓето околу вас и на крајот ќе го постигнете токму она што сте го зацртале. Време е да бидете во центарот на вниманието, затоа подгответе се да одвоите малку повеќе време за дружење и забава.
РАК
Иако ќе откриете дека можете да се потпрете на колегите, познаниците и она што тие ви го кажуваат или ветиле дека ќе го направат, проверете повторно кој го прави тоа за секој случај бидејќи недоразбирањата може да ве разочараат или да изгубите драгоцено време. Празните ветувања во комбинација со гласини само ќе создадат конфузија.
ЛАВ
Денес можете да заработите пари и да формирате ново деловно партнерство. Колку повеќе се трудите, па дури и волонтирате, толку подоцна ќе бидете во многу подобра позиција. Денот е поволен и за решавање на тековните проблеми, не туркајте ништо под тепих бидејќи конечно ќе имате можност отворено да разговарате со личност која ќе ве разбере.
ДЕВИЦА
Не грижете се толку многу за она што другите луѓе го прават или мислат. Наместо тоа, фокусирајте се на себе слушајќи го своето срце и следејќи ги вашите соништа. Покрај тоа што ќе бидете многу креативни, ќе можете успешно да се фокусирате на неколку различни активности во исто време. Искористете го ова со решавање на некои деловни проблеми.
ВАГА
Иако денес акцентот ќе биде ставен на љубовното поле, каде сигурно нема да ви недостигаат активности, обидете се прво да ги завршите сите деловни обврски, во спротивно ќе се создадат непотребни одложувања што некој многу ќе ви замери. Не трошете време на презентирање на вистинските идеи на погрешни луѓе, почнете да ги решавате работите приватно.
ШКОРПИЈА
Направете сè што можете за да им помогнете на помладите колеги, особено ако видите дека нешто не е во ред со нив или дека има подобар начин да ги направите работите. Оние од вас кои имаат нова идеја да заработат пари, денес треба да стават сè на хартија. Нема сомнеж дека вашата популарност и самодоверба наскоро ќе се зголемат.
СТРЕЛЕЦ
Не дозволувајте емоционалните проблеми премногу да ве забават или да ве наведат да правите грешки кои не се неопходни. Ако премногу се фокусирате на нив, само ќе станете субјективни и ќе донесете сосема погрешна одлука. Продолжете да го штитите она што ви е најважно. Личност од минатото би можела повторно да се појави и да ви го уништи планот.
ЈАРЕЦ
Фокусирајте се малку повеќе на вашите долгорочни интереси за да дојдете до адекватен план. Можете да заработите дополнителни пари, но само ако ги почитувате законските ограничувања, држете се настрана од сомнителни понуди и луѓе кои ви изгледаат сомнителни. Сите пороци можат само да ве одведат на заблуда, не ги рационализирајте работите што се погрешни.
ВОДОЛИЈА
Посветете се на работата, но овој пат на посериозен начин. Покажете им на другите колку сте подготвени да создадете нешто сосема ново, не само во деловниот, туку и во приватниот живот. Денот е идеален за реализација на креативни идеи и влегување во нови деловни партнерства. Слушајте ги советите од децата, помладите колеги и пријателите.
РИБИ
Денеска нема да ви недостасува материјал за размислување. Покрај спонтано посветување повеќе внимание на деталите, ќе се појават и алтернативни решенија кои вреди да се разгледаат. Секоја можност за промена на работата или подобрување може да биде позитивна, но само ако сте спремни да слушате сè и да се прилагодите.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (6 октомври)

ОВЕН
Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за него. Можеби ќе ви треба мала пауза за да видите појасно што се случува во вашиот живот. Пред вас се отвораат нови пријатели, нови сознанија и нови можности, но сепак сте малку збунети и не сте сигурни дали можете да управувате со толку многу вести. Не грижи се, само оди
БИК
Енергијата што ве пролева веќе неколку недели, овој викенд може да биде премногу силна и да предизвика непосредна паника поврзана со личниот напредок. На крајот, поради сето ова, може да се чувствувате прилично депресивно. Немој да си го правите ова на себеси, драги Бикови! Вашето темпо беше исклучително брзо и сега конечно мора малку да забавите. На тој начин ќе имате време за себе, и малку ќе се опуштите.
БЛИЗНАЦИ
Вие овој викенд би можеле да почувствувате привремено затемнување на сопствената душа, Близнаци. Ќе го набљудувате вашиот живот и иако сè ви оди добро, сепак ќе бидете депресивни мислејќи дека не сте таму каде што треба да бидете. Размислувате помеѓу традиционалните ставови и некои нови концепти што со задоволство би ги прифатиле. Бидејќи ова чувство ќе ве напушти утре, најдобро би било да не размислувате денес!
РАК
Околината со која вообичаено се дружите може да има планови кои не се толку привлечни за Раковите. Можеби ќе се сомневате дека нивниот избор не е баш најпаметен и споделете го вашето размислување со нив, но тие тешко дека ќе ве слушаат. На лично ниво, некои цели се префрлени на вас, но тоа не треба да има лош ефект за вас. На вистинските работи им треба малку повеќе време да седат на нивно место.
ЛАВ
Плановите на Лавовите да се дружат со пријатели или партнер може да бидат одложени поради професионални обврски на кои ќе им треба вашето внимание. Ова може да ве вознемири, особено затоа што ќе мора да ги разочарате луѓето што ги сакате. Не се вознемирувајте за тоа. Ова нема да влијае на вашата врска ниту со вашиот партнер ниту со пријателите. Секој разбира што значи работа.
ДЕВИЦА
Вашето здравје ви служеше во последните неколку недели, но овој викенд Девиците може да се чувствуваат малку ослабени. Ова најверојатно се должи на зголемениот стрес на кој сте биле изложени подолго време. Вие работевте премногу напорно и не обрнувавте доволно внимание на себеси, па вашето тело сега се одмаздува. Потребен ви е одмор. Посветете се и разгалете се на сите можни начини.
ВАГА
Вагата веројатно испланирала возбудлив викенд со пријателите или саканата личност, но се чини дека ќе мора да ги одложите плановите заради настани што не се во ваша контрола. Може да биде фрустрирачки за вас, но нема да можете да направите ништо во врска со тоа. Едноставно, променете ги вашите планови и прилагодете се на новата ситуација.
ШКОРПИЈА
Вознемирувачките настани може да ги вознемират членовите на вашето семејство. Може да бидат работи на патиштата, гласни соседи или дури и мали нешта како лошо време, но во секој случај, сите ќе бидат нервозни. Обидете се да го расположите вашето семејство со ненајавена забава. Работете почесто и не заостанувајте во обврските.
СТРЕЛЕЦ
Овие дена Стрелците може да слушнат доста вознемирувачки гласини за луѓе со кои се знаат или со кои работат. Не бидете изненадени ако ги добиете истите информации од повеќе различни адреси. Ако тие информации не ве допираат директно, тогаш не ги ширете понатаму затоа што во одреден момент би можеле да дојдете до изворот и да откриете дека сето тоа е само озборување за да ги повредите луѓето за кои се грижите.
ЈАРЕЦ
Личните или деловните планови што ги имаат Јарците може да се развиваат побавно отколку што мислевте. Се прашувате дали можеби некој ваш потег е причината за тоа. Најверојатно не. Имавте мал пад на енергијата и тоа е сè. Наскоро ќе биде подобро. Држете се до вашите мисли и продолжете со сопственото темпо. Се ќе биде во ред.
ВОДОЛИЈА
Водолиите би можеле да бидат разочарани од нивната моментална ситуација. Можеби размислувате да ја смените работата или да се преселите на некое егзотично место. Сето ова е многу добра идеја, но сега не е идеален период кога треба да донесувате поважни одлуки. Во моментов не сте во фаза на цел. Почекајте неколку дена и размислете повторно за сè. Дотогаш, би можеле да се предомислите неколку пати.
РИБИ
Обидите да се совлада новиот технолошки напредок може да бидат прилично разочарувачки за Рибите. Ќе се сомневате во вашите способности и затоа ќе бидете доста фрустрирани. Решението лежи во вас. Никој не може да ви донесе решение освен вие самите. Дополнителна концентрација и упорност е сè што навистина ви треба. На крајот малку помош од пријател и тоа е тоа!
-
Хроника1 ден
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево1 ден
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија8 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника3 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ