Технологија
NativeMedia – најбараната платформа на Балканот, креирајте кампања и дозволете алгоритамот да ви носи бенефит веднаш!

NativeMedia е несомнено најдобрата солуција за секој еден веб портал, имено таа работи сосема безбедно и сигурно. Нашиот портал веќе 2 години ги користи нејзините услуги и сме презадоволни од соработката. Вашата заработка доаѓа секогаш брзо, навремено, секогаш точно и со повеќе начини за исплата, која другите конкуренти тоа го немаат. Работи преку одличен интерфејс кој ви нуди достапни алатки и релативно прилагодливо мени достапно во три регионални јазици, додека содржините преку кодот секогаш се толку добри што секој еден би се заинтересирал да прочита.
Како последен „update“ на нивната платформа несомнено го издвојуваме проектот „препорачај“ или „referral“ кој ви овозможува да заработите за нов огласувач, којшто се пријавил преку вашиот линк за препорака, URL или банер, каде автоматски добивате 2% од износот што тој го вложил во рекламирање, додека од секој издавач што се најавува преку вашата препорака, URL или банер, добивате 6% од износот што го заработил.
NativeMedia е вистинското решение, а ние топло ви го препорачуваме веднаш!
Регистрирај се ТУКА и започнете ги првите заработки на вашиот налог.
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
Магазин
Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална статистика и социјални алатки за поврзување на играчите.
Што носи ажурирањето?
-
Детална статистика – корисниците ќе можат да го следат својот напредок во игрите.
-
Достигнувања – профилите ќе прикажуваат отклучени награди и успеси.
-
Социјални функции – нови опции за градење заедница и полесно поврзување со други играчи.
-
Персонализација – можност за прилагодување на корисничкиот профил.
Датум на достапност
-
23 септември 2025 – ажурирањето започнува автоматски во повеќето региони.
-
1 октомври 2025 – корисниците во Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ја добијат надградбата.
-
Google ќе извести преку е-пошта за сите промени.
Интеграција со Google Play Store
-
Новите профили ќе бидат директно интегрирани во Google Play Store, што значи дека нема повеќе потреба од користење на посебни апликации за управување со гејмерскиот идентитет.
-
Ова унифицирано решение ќе создаде централизирано место за сите гејмерски активности на мобилните уреди.
Сличности со други платформи
-
Концептот е сличен на начинот на кој Steam со години ги прикажува профилите, историјата на игри и достигнувањата на играчите.
-
Целта е полесна интеракција меѓу корисниците и поттикнување на споделувањето на успеси во игрите.
Извор: Bug
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Свет1 ден
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Кичево1 час
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Македонија2 дена
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза1 ден
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Македонија2 дена
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути