Следете не

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Спорт

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против репрезентацијата на Велс. За да се обезбеди уредно и безбедно искуство за сите наши поддржувачи, ФФМ ги проследува следните насоки добиени од организаторите, наменети за македонските навивачи кои ќе присуствуваат на стадионот:

– Влезните порти ќе бидат отворени два часа пред стартот на мечот. Се препорачува пристигнување најмалку еден час претходно.
– Македонските фанови се распределени во секторите 119, 121 и 122; влезот е дозволен единствено преку Gate 12.
– По напуштање на стадионот не е дозволен повторен влез.
– Нема потреба од покажување лична карта или пасош на влезот.
– Навивачи со билети купени за домашните трибини може да бидат спречени да влезат или отстранети од трибините.
– Пабот Walkabout на St. Mary Street традиционално ги пречекува гостинските навивачи (walkaboutbars.co.uk/cardiff).
– До стадионот има околу 25 минути пешачење од центарот; на располагање се такси и јавен превоз (станици Ninian Park и Grangetown).
– На денот на натпреварот нема да има продажба на билети.
– Паркингот за автобуси е бесплатен. За автомобили има ограничен број места, со цена од 10 фунти која се плаќа на лице место.
– Штандовите за храна и пијалаци работат од моментот на отворање на влезовите. Плаќањето е исклучиво безготовинско.
– За лица во инвалидски колички е предвиден посебен страничен пристап веднаш до Gate 12.
– Забранети се пиротехнички средства, професионална фотографска опрема, сопствена храна и пијалоци, како и големи торби. Мали торби се дозволени по безбедносна проверка. Знамиња до величина 2×1 м се прифатливи доколку немаат недолична или забранета содржина.
– Употреба на пиротехника во близина или внатре во стадионот може да резултира со апсење и забрана за влез.
– Лица кои се во видлива, тешка алкохолизирана состојба нема да бидат пуштени на стадионот.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни прилики, но завршницата повторно не беше на потребното ниво.

Првата посериозна ситуација ја создаде Милан Ристовски во 14. минута, кога со вешт дриблинг се ослободи од противнички играч и биеше од дистанца, но летонскиот голман Рихард Матревичс беше подготвен. Летонците возвратија десет минути подоцна преку Гутковскис, кој по центаршут од левата страна шутираше со глава, но топката заврши крај нашиот голман Столе Димитриевски.

Летонија ја имаше најдобрата своја шанса во 70. минута, кога Икауниекс шутираше од дваесетина метри и ја погоди гредата.

До самиот крај, двете екипи не успеаја да креираат сериозни обиди, па средбата заврши со почетниот резултат.

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 0:0
Присуство: 4.000 гледачи
Главен судија: Милош Савовиќ (Црна Гора)
Жолти картони: Серафимов, Костадинов (Македонија) – Икауниекс (Летонија)

Прочитај повеќе...

Спорт

Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

Објавено пред

на

©porta.mk

Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.

Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.

„Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп18 минути

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт7 часа

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

Свет10 часа

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

Спорт14 часа

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан1 ден

Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска

Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на...

Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash Фото: Fahmi Fakhrudin @ unsplash
Lifestyle1 ден

Колку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.

Кафето содржи стотици биоактивни соединенија и е еден од најбогатите извори на антиоксиданси – супстанции кои му помагаат на телото...

Фото: No Revisions @ unsplash Фото: No Revisions @ unsplash
Lifestyle2 дена

Како да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова

Добрата правосмукалка е клучна за чист и уреден дом, но многу луѓе несвесно ја оштетуваат или ја намалуваат нејзината ефикасност....

Фото: Dima Solomin @ unsplash Фото: Dima Solomin @ unsplash
Магазин2 дена

Pinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација

Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да...

Занимливости2 дена

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често...

НАЈЧИТАНИ