Хроника
Несреќа во Македонски Брод, багер паднал во провалија, машинистот починал на самото место

На 15.07.2022 во 11.08 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
За медиумите известува Министерството за внатрешни работи
Хроника
Лишен од слобода 18-годишник од Скопје, кој се сомничи дека удрил пешак, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата

Од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар лишен е од слобода М.С.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 30.08.2023 околу 22.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, со претходно противправно одземено патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен скопјанец, удрил во малолетничка од Скопје, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде биле констатирани тешки телесни повреди, a подоцна им подлегнала на повредите.
Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по преземени мерки и активности и добиени резултати од спроведените анализи е утврдено дека М.С. го управувал возилото за време на несреќата и во координација со јавен обвинител за него е пуштен распис.
Исто така, лицето се сомничи дека извршило и неколку кривични дела “кражба” и “тешка кражба” од објекти на подрачјето на ЕВР Карпош.
Од страна на Одделението за увид на сообраќајни незгоди, Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје против него ќе бидат поднесени пријави за кривично дело “одземање на моторно возило” по член 242, “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело “неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” по член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар за сторени кривични дела “тешка кражба” по член 236 и “кражба”, по член 235 од Кривичниот законик.
Од страна на судија на лицето му е изречена мерка притвор од 30 дена, известуваат од МВР.
Хроника
Турист од Холандија пронајден починат во с.Трпејца – охридско

На 13.09.2023 во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е П.Е.Х. (58) од Холандија.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие, известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Хроника
Ненадејно почина Илми Мустафов син на починатата легенда Ферус Мустафов

Ненадејно и по кратко боледување според информациите на порталот “РомаТајмс” ноќеска, 16 август 2023 почина познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, син на музичката легенда Ферус Мустафов кој за жал пред неполни 3 месеци на 22 мај почина.
Илми беше и активен член на групата Огнени Момчиња, каде лично пред неколку вечери упати поздрав до нашата екипа во атарот на с.Косоврасти, рекански дел каде “Огнените момчиња” заедно со нашите кичевчани, речиси секојдневно се дел од тамошните веселби.
Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група дел со неговиот познат татко сега легендарниот Ферус Мустафов.
Инаку Илми е татко на веќе големиот виртуоз од мали нозе, новиот мајстор, продолжена лоза на легендарните Мустафови, младиот Ферчо Мустафов.
Преку социјалните мрежи од него се опростуваат многу музичари и негови колеги, додека погребот ќе биде утре (17.08) од 13:00 часот на гробиштата во Камник, Скопје.
Почивај во мир легендо!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза10 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје3 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“