Хроника
Жално: Нова трагедија го потресе Кичево, згасна млад живот на жител од с.Зајас при изведување градежни работи со машина

На 06.07.2022 година во 17.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69) од селото Србица, се здобил со тешки телесни повреди, по што во болницата во Тетово им подлегнал на повредите.
Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на семејството, сочувство до најблиските и пријателите.
Истиот ден на 06.07.2022 година во 10.30 часот, А.Х.(18) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
За медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Хроника
Фудбалскиот свет во тага, попладнево почина бразилскиот фудбалски крал Пеле

ЕДЕРСОН Арантес до Насименто Пеле, бразилскиот фудбалски крал кој освои рекордни три светски првенства и стана еден од најпознатите спортски фигури во минатиот век, почина на 83-годишна возраст.
Пред Светското првенство во Катар, тој беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а за време на турнирот се јави и рече дека ќе успее да ја надмине тешката болест. За жал, болеста беше посилна.
Пеле се бореше со рак на дебелото црево од септември 2021 година, а беше повторно примен на 29 ноември. Во последните недели болеста се прошири и на бубрезите, Пеле чувствуваше и срцеви проблеми, веќе немаше сила да се бори.
Во кариерата играше само за два клуба, за сопствениот Сантос во Бразил и подоцна, кога имаше финансиски проблеми, за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства – во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 година.
Хроника
Извинување за апелот во врска со починатиот сограѓанин, семејството ќе ги подмири и заврши сите протоколи

Преку нашиот портал јавно се извинуваме на семејството и најблиските на починатиот Никола Димитриевски за апелот за помош кој го објавивме без да се консултираме и да добиеме одобрение од нив. Во име на семејството, со консултација со нив, Ве известуваме дека сите протоколи ќе бидат завршени и подмирени од страна на семејството.
Уште еднаш големо извинување до фамилијата на починатиот Никола Димитриевски за тоа што направивме натпис без консултација.
Хроника
Во водите на канал „Студенчишта“ пронајдено починато лице

Денеска (17.12.2022) во 07.38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција.
Известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево6 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости22 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет3 часа
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје