Временска прогноза
Нестабилното време ќе продолжи и во наредниот период

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови и на нестабилна облачна маса, во текот на целата оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Локално и особено во попладневните часови врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, можна е и локална појава на суградица и на град.
Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пороејни и проследени со појава на грмежи како и со зсилен ветер во зоната на нестабилност.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а кон крајот на оваа недела во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 25 степени.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.
На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски
-
Македонија2 дена
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Македонија2 дена
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови
-
Македонија9 часа
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Македонија11 часа
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија12 часа
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци