Временска прогноза
Најава за поројни дождови за време на најголемиот Христијански празник – Ова се последните метео вести..
Под влијание на Фронтален систем од запад, и на серија на влажни воздушни бранови, од утре па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со силен втер, грмежи а има услови овие процеси да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Ќе има услови и за локална појава на град.
Утре ветерот локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час и ќе биде од јужен и од југозападен правец. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така утре на високите планини ќе има и врнежи од СНЕГ. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.
Во Скопје и околината исто така од утре па во следните денови ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со ЗАСИЛЕН ветер, а можна е и појава на грмежи. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, за порта пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање
Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (16 мај)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (17 мај)
-
Магазин2 дена
Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш
-
Магазин2 дена
Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!
-
Спорт16 часа
Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството
-
Спорт2 дена
ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал
-
Автомобили16 часа
VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија