Следете не

Култура

Ни доаѓа „Св. Пречиста“, еден од најголемите христијански празници

Објавено пред

на

Во нашиот регион спаѓа еден од деновите кои најмногу се чекало гости после големиот празник Св.Никола кој најмногу се слави.

Големиот празник Воведение на Пресвета Богородица „Пречиста“, исто така спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници

Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца и е еден од поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби.

Сведоштва за овој празник (како и за некои други моменти од животот на Богородица) се среќаваат само во црковните песни и кај некои писатели на дела со црковна содржина. Праведните Јоаким и Ана, се вели во овие сведоштва, долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Беше се собрал и многу народ за да го гледа овој чуден и впечатлив настан. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што ѝ приличи на царска ќерка и Божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со Божја промисла, или со Божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по скали со 15 степеници. Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила по скалите весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен „Свјатаја свјатих”, (или Светиња на светиите). Тука никој не смеел да влезе, особено не жена, не влегувале ниту обичните свештеници, а и првосвештеникот влегувал само еднаш во годината и тоа на празникот на очистувањето, кога принесувал жртва. На ова се чуделе не само луѓето туку и ангелите, но и ова е направено со Божја промисла и е поврзано со идната улога на Богородица, мајката на Исус Христос. Св. Теофилакт Охридски за овој чин вели дека во тој момент првосвештеникот Захариј бил исполнет со Божји Дух, инаку оваа негова постапка не би можела да се објасни. Потоа Јоаким и Ана како што било ред принесле дарови и жртви за Бога и откако добиле благослов од свештениците се простиле со Марија и заедно со роднините и пријателите се вратиле во Назарет. Подоцна тие честопати го посетувале храмот во кој живеела Марија, особено тоа го правела мајката Ана.

Овде во храмот, освен млади девојчиња кои се воспитувале во вистински Божји дух и се подготвувале за идната служба, во посебни простории живееле вдовици кои служеле во храмот, како што била и пророчицата Ана, што светиот апостол и евангелист Лука ја споменува во своето Евангелие. (Лука, 2: 36-38) По смртта на својот маж Јоаким, таму се преселила и Ана, мајката на Марија, но и таа малку време живеела со својата ќерка бидејќи наскоро и таа починала.

Во храмот Богородица останала до 12-тата година. Тука живеела заедно со други девојчиња, заедно се молеле, принесувале жртви, пееле црковни песни, го читале Светото писмо и учеле некои домашни работи како везење, плетење и сл. Храна примала од раката на ангелот, кој ја штител од секакво зло. Била послушна кон сите и затоа сите ја сакале и почитувале. Така во овој храм Пресвета Дева Марија се подготвувала за идната слава што ја очекувала. Црквата ја нарекува прекрасна зора од којашто изгреало сонцето на правдата. Црковната песна пее дека Светиот Дух ја осветил таа што живеела во храмот и се хранела со небесна храна.

Светото предание уште сведочи дека кога Марија стигнала до возраста кога девојките го напуштале храмот и се омажувале, свештениците побарале и таа тоа да го направи. Но Марија тогаш им ја соопштила својата решеност да не стапува во брак туку до крајот на животот да остане во храмот и да му служи на својот Бог. Но тоа не го дозволувале законите, поради што се барало компромис. По Божја промисла таа била дадена на чување кај еден постар човек по име Јосиф, роднина на нејзините родители. Поради тоа во сведоштвата праведниот Јосиф се среќава и како нејзин старател, но и како нејзин свршеник. Така биле задоволени тогашните еврејски закони, а на Марија ѝ била исполнета желбата засекогаш да остане девица и да му служи на Бога. Дотогаш меѓу Евреите не било познато доживотно заветување на Бога, така што Марија е првата девојка што се решила и што успеала до крајот на животот да биде заветена или посветена на Бога. По нејзиниот пример подоцна тргнале илјадници девојки и момчиња.

Во спомен на воведението или воведувањето на тригодишната Марија во храмот Светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 21 ноември по стариот (или на 4 декември по новиот) календар. Црковното предание за воведувањето на Богородица во храмот започнало да се запишува уште во вториот век, во текстови познати под името апокрифи. Во четвртиот и петтиот век ова предание било познато во целиот христијански свет. Преданието раскажува дека царицата Елена подигнала црква посветена на Воведението.

Празникот Воведение почнал да се празнува многу касно. Се претпоставува дека се празнува од четвртиот век, но во пишаните документи се среќава од осмиот век. Во почетокот немал елементи на голем празник туку само како обичен спомен. Подоцна го среќаваме со претпразненство и попразненство. На иконите овој настан е насликан така што од едната страна стои првосвештеникот на старозаветната црква кој ја пречекува малата Марија на вратата од храмот, придружувана од група девојчиња со запалени свеќи, а тука се и родителите на Марија и другата придружба.

Во Гевгелиско овој ден се сметал за тежок празник, особено за тие што имале деца. Народот верувал дека цело лето немало да има болести ако тој ден дувал ветер или ако имлоа мраз. Но ако врнело тогаш ќе имало многу болести. Многумина тој ден се причестувале.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто денес ја уништуваат нашата младина.

На овој ден не се работат тешки работи, не се пере и не се шие.

Култура

Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Објавено пред

на

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.

Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.

Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.

Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.

Прочитај повеќе...

Култура

Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

Објавено пред

на

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Објавено пред

на

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.

Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.

„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !

Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.

На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…

За многу години!

Бог се јави!
Навистина се јави!

Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во...

Магазин1 час

WhatsApp наскоро може да им дозволи на корисниците да испраќаат фотографии со целосен квалитет

Се шпекулира дека ова претстојно ажурирање има „автоматско“, „најдобар квалитет“ и „заштеда на податоци“ како опции за конфигурации за квалитетот...

Lifestyle2 часа

5 начини да се ослободите од влакната од домашни миленици! Чистењето никогаш нема да биде полесно.

Селотејп и гумени ракавици се само неколку начини да помогнете во борбата против влакната од домашни миленици. Сите сакаме домашни...

Занимливости2 часа

Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH — Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017 Го најдовте ли слонот? Откако ќе...

Магазин2 часа

Најмоќниот и најскапиот телефон на Apple досега пристигнува со еден голем новитет

Се чини дека овој телефон нема да го замени моделот iPhone Pro Max, туку ќе биде категорија над него. Веќе...

Автомобили2 часа

Golf повеќе не е број 1, но VW сè уште гори во Европа

И покрај фактот што по неколку децении неговиот модел повеќе не е европски бестселер, Volkswagen останува неприкосновен лидер на Стариот...

Магазин2 часа

Google инвестира 400 милиони долари во конкурентот ChatGPT, стартапот Anthropic

Вештачката интелигенција и четботите дефинитивно го зафатија светот во последните неколку месеци. Напредокот постигнат на ова поле го лансираше ChatGPT...

Магазин2 часа

Google се пофали: Овој сервис има 50 милијарди прегледи дневно

Услугата за кратки видео клипови, наречена YouTube Shorts, беше лансирана од Google во јули 2021 година и оттогаш забележа значителен...

Магазин2 часа

Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција

Аукциската куќа LCG Auctions понуди на продажба прва генерација на iPhone, фабрички завиткан во целофан, со 8 GB простор за...

Магазин2 часа

Facebook има 2 милијарди корисници

Социјалната мрежа продолжува да расте иако Мета отпушти значителен број луѓе. Вештачката интелигенција е приоритет во наредните години Речиси 20...

НАЈЧИТАНИ