Временска прогноза
Ниските температури продолжуваат и деновиве, во продолжение најнови метео информации
Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за повремени врнежи од дожд и од снег. На југоисток ќе има врнежи претежно од дожд.
Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Повремено во делови од Скопската котлина ќе има услови за врнежи од дожд и од снег а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Потоа утре и во среда времето ќе се задржи променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено на некои места ќе има услови за послаби врнежи претежно од снег.
Од четврток ќе имаме постабилно и посончево време. Минималните температури ќе ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, кон крајот на оваа недела истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.
Известува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
За зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде „Ла Ниња“ зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен „Ла Ниња“ па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако „Ла Ниња“ оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради „Ла Ниња“, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, „Ла Ниња“ повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево18 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Спорт11 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија2 денаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Хороскоп9 часаХороскоп за недела (9 ноември)
