Македонија
Ноќеска кај Штип, регистриран земјотрес со слаб интензитет

Ноќеска потточно во 04:11 по локално време, регистриран е слаб земјотрес со јачина од 2.1 со длабочина од 2 км. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар истиот е регистриран на 4 километри источно од град Штип.
#Earthquake (#земјотрес) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M2.1 || 4 km S of #Shtip (North Macedonia) || 13 min ago (local time 04:11:09). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/fjoX00YT25
— EMSC (@LastQuake) April 12, 2023
Македонија
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности

Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РМ ќе реализираат тактичко-технички активности.
Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).
Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта

СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, во изминатите денови заклучно со вчера (02.06.2025), одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј.
– Целта на работилниците беше, низ теоретски и практичен дел, со интерактивна презентација, на децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да им се презентираат основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на боите на семафорот, на правилното преминување на улица на пешачки премин, потоа на правилата при користење на средства за движење (велосипед или тротинет), како и за улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот, значењето на сообраќајните знаци.
Исто така, на импровизирана крстосница, беше демонстрирано како сообраќаец го регулира сообраќајот, при што учениците имаа можност со велосипеди да научат правилно да се движат на крстосница, почитувајќи ги дадените правила и знаци од страна на полицаецот.
По завршување на интерактивната презентација, за децата беше организиран мини квиз како форма за утврдување на нивните стекнати знаења за безбедност во сообраќајот и им беа поделени летоци и минимизирани сообраќајни знаци со содржини кои беа опфатени со работилницата, информираше портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (5 јуни)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“
-
Кичево7 часа
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Спорт2 дена
ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“
-
Македонија10 часа
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија1 ден
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот