Магазин
Нов iPhone, стар дизајн, но многу подобри карактеристики – познати се и цените за четири модели на телефони на Apple

Оваа година Apple го организираше своето претставување на новите модели на iPhone под слоганот „Far Out“. Прво беа претставени новите Apple Watch Series 8 и Air Pods Pro 2 слушалки, а потоа четири нови модели на iPhone, еден од најпопуларните телефони во светот.
Со сите четири нови уреди, една работа е впечатлива, а тоа е дизајнот. Не е променет, освен мали промени на дисплејот на моделите со ознака Pro. Остануваат уште остри рабови и таа „квадратна“ форма, со малку подебел телефон.
Новиот и поголем екран на моделот iPhone 14 Plus му се придружи на „обичниот“ телефон iPhone 14, кој ги има сега стандардните 6,1 инчи. Прво беа претставени тие два модели. Двата телефони имаат нов систем со двојна камера, детектор кој предупредува на судири и удари, прва услуга за мобилни телефони во светот со SOS повик преку сателит и како што вети Apple, најголема батерија досега.

Фото: Apple
Очекувано, овие два телефони го имаат минатогодишниот чипсет A15 кој го видовме на моделите на iPhone 13 Pro. Сепак, промената е забележана кај камерите, кои се подобрени и сега ќе можат да примаат 49% повеќе светлина, што значи поквалитетни фотографии. Подобрена е и селфи камерата – iPhone 14 и 14 Plus ќе имаат автофокус селфи камери.
Кога станува збор за цените, Apple ќе ги израдува своите лојални клиенти. Останува исто, па iPhone 14 сè уште чини 799 долари. iPhone 14 Plus е поскап за 100 долари и започнува од 899 долари. За нашиот пазар, без сомнение, таа бројка ќе биде поголема.
Сепак, има и два премиум модели кои ја носат ознаката Pro. Конечно, како што се шпекулираше, тие веќе го немаат засекот што Apple упорно го чуваше на својот екран – засекот каде што се наоѓа предната камера. Apple го нарекува овој исечок „Dynamic island“ и нуди различни анимации и функции, а има и „always on display“. Инаку, овие два телефони доаѓаат и со Super Retina XDR дисплеи од 6,1 и 6,7 инчи.

Фото: Apple
Двата телефони ќе бидат значително побрзи од нивните претходници, сето тоа благодарение на најновиот чипсет А16, за кој Apple тврди дека е дури 40% побрз од конкуренцијата. Подобрување доби и главната камера кај моделите Pro. Новиот сензор од 48 MP, најголемиот досега, може да прими двојно повеќе светлина од претходно, а одредени подобрувања ги достигнаа и ултра широкоаголните и телефото леќите. Главниот објектив има сензор со четири пиксели, како и фотонски мотор кој овозможува поголем проток на светлина, особено за ноќни фотографии.
Цените се изненадувачки – iPhone 14 Pro чини 999 долари, а цената на моделот Max е 1.099 долари.
iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе бидат достапни во четири бои: deep purple, silver, gold и space black.
Хороскоп
Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН
Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време.
БИК
Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ќе ги соберете денес ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да решите добар дел од проблемите со одење на патот. Љубовната врска ќе страда ако не и покажете на другата страна колку ја цените. Потрудете се и бидете благодарни денес.
БЛИЗНАЦИ
Обидете се да им посветите целосно внимание на вашите најблиски, особено ако тие започнат разговор за нешто што не ви изгледа интересно, но претставува нешто важно за другата страна. Доколку во последно време сте биле под преголем стрес, испланирајте попладне во природа или барем во друштво на драги пријатели. Ќе добиете совет од членовите на семејството.
РАК
Врската со личност што ја сакате и мислевте дека можете да и верувате, веројатно ќе биде главен извор на фрустрација денес. Колку и да сте разочарани, не се вклучувајте премногу во анализата бидејќи само ќе губите време. Не потпирајте се на други и не давајте ветувања кои не сте сигурни дека ќе можете или ќе сакате да ги исполните подоцна.
ЛАВ
Внимавајте што зборувате денес. Ако претерате со критиките или со толкувањето на неодамнешните негативни настани, може да започнете војна или да извадите на површина проблеми кои подоцна ќе ве доведат во непријатна положба. Во љубовта ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите што може да ве доведе до емоционални проблеми.
ДЕВИЦА
Слободно дружете се и забавувајте се, но обидете се да посветите доволно внимание и време на постарите и послабите членови на заедницата. Доколку сте во ново деловно опкружување, покажете како ги почитувате колегите кои имаат поголемо искуство. Во љубовта може да очекувате позитивен развој на ситуацијата откако на прво место ќе го ставите хуморот.
ВАГА
Не дозволувајте денот да ви го уништат луѓе кои сакаат да се чувствувате мали, безначајни или неспособни. Држете се настрана од оние кои се секогаш подготвени за неправедна критика и озборувања од другите. Емоционалните промени ќе се покажат како поволни. Немојте да ги криете или избегнувате луѓето кои се гласни, сакаат да претеруваат со хумор и да се фалат.
ШКОРПИЈА
Ако се чувствувате осамено или фрустрирано, обидете се да поминувате повеќе време во друштво на луѓе со кои секогаш можете да споделувате идеи. Патувањето би било идеално, но ако не сте во позиција да направите нешто такво, обидете се барем да промените нешто во вашата дневна рутина. Не се разочарувајте ако саканата личност не е дарежлива како што очекувавте.
СТРЕЛЕЦ
Не разговарајте премногу за вашите планови за иднината со луѓе на кои им е тешко да разберат што ве мотивира и како функционирате. Ако треба да се доверите некому, изберете блиски пријатели и членови на семејството. Во принцип, денес намалете ги деловните активности, особено ако некој врши притисок и постојано бара информации.
ЈАРЕЦ
Не секој ќе има разбирање за тоа што се обидувате да го направите, затоа обидете се да ги поедноставите работите. Ако видите дека нешто не оди добро, бидете трпеливи и почекајте подобар момент. Патувањето ќе си го земе данокот, најдобро би било да го избегнете. Обидете се да организирате дружење со важната личност со тоа што ќе ги контролирате емоциите, како и времето.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете доста емотивни, но во смисла дека лесно ќе се нервирате и најчесто ќе делувате дефанзивно. Не сфаќајте ништо премногу лично, но и не дозволувајте некој да ги извади вашите зборови од контекст или упорно да ве убедува да се карате со трето лице. Претерувањето ќе доведе до проблеми, па дури и до недостаток на поддршка.
РИБИ
Бидете искрени со себе и со оние што ги сакате. За сите останати, слободно постапете поладно и не откривајте што мислите дека не треба. На работа ќе ги изненадите колегите и претпоставените доколку направите повеќе отколку што се очекува. Токму така ќе ги импресионирате оние луѓе кои вообичаено не ве поддржувале во минатото.
Магазин
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата.
За порта.мк истакна, “ме чекаа пред врата, за да ми ја пеат песната”
А на социјалните мрежи вели: Е ова е мојата најголема награда, ова е тој момент кој што ме прави најсреќен и најисполнет. Зарем има нешто послатко од тоа кога овие прекрасни дечиња ќе ве пречекаат пред вашиот дом за да ви го испеат вашиот рефрен. Епа горд сум што дечињата од мојот комшилук не слушаат ШУНД, туку си ја сакаат онаа нашата, Македонската 😊
Lifestyle
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци.
• Зошто секојдневно миење?
Заменик-главниот медицински службеник во AXA Health Insurance објаснува дека ако страдате од алергии на полен, кои се чести и во лето, секојдневното туширање со топла (но не врела) вода ќе ви помогне да ја заштитите кожата. Препорачливо е користење хипоалергенски сапуни и шампони.
• Совет од трихолог
Менди Бухнер, сертифициран трихолог, нагласува дека ако многу пливате или се потите, миењето коса секој ден е добра пракса. Важно е скалпот да биде чист и здрав за да се поттикне растот на косата. Ако не е секој ден, тогаш барем секој втор ден.
• Заштита од сушење
Главната грижа при често миење е сушење на косата. Бухнер советува употреба на хидратантни производи со есенцијални липиди кои ја враќаат изгубената влага. За дополнителна заштита, носете шапка и користете SPF производи за скалпот за време на престој на сонце.
• Што ако имате проретчена коса?
Експертите велат дека околу 80% од мажите и речиси половина од жените се соочуваат со овој проблем. Постојат ефикасни третмани, но најдобро е да се консултирате со дерматолог за индивидуален пристап.
Извор: Informer
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин10 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации