Временска прогноза
Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините. На повисоките места пак ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм.
Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.
Потоа провејување на снег ќе има и во понеделник рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен.
Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.
Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината.
За порта.мк известува Славчо Попоски / метеоаларм
Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Под влијание на голем влажен бран од медитеранот, во нашиот регион ќе има многу дожд и снег на овие места..

Снежната покривка на скијачкиот центар Попова Шапка денес изнесуваше 60 цм. Со оглед на тоа дека и понатаму ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, на овој скијачки центар снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми (за над 20 цм).
Снежната граница доцна попладнево и во текот на ноќта ќе се спушти на околу 1000 м.н.в. Не се исклучува можноста истата локално да се спушти и под 1000 метери, особено на запад и север од Македонија. Снежната покривка ќе се зголемува и на останатите планински места во Македонија, особено на западот од истата.
Локално во следниот период повторно се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2).
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5, додека максималните дневни исто така ќе бидат релатино ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во крајните југоисточи предели од нашата држава.
Ветерот ќе го имаме и ќе биде со слаб до умерен интензитет и претежно од источен и од југоисточен правец. Повремено до крајот на денешниот ден и тоа Долж Повардарието истиот ќе повремено ЗАСИЛЕН на интензитет.
За порта.мк пишува Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Дали месец февруари ќе ја покаже вистинската зимска идила?

Февруари месец би тебало да ја покаже вистинската зимска идила. Барем според последните анализи очекуваме почести продори од север кој би условувале ладен воздух и врнежи од снег и на пониските места (градови).
Да напоменеме дека повремено се очекуваат и јужни струења кој ќе условуваат натпросечно високи температури. Многу е тешко да се даде анализа за повеќе денови однапред .
Инаку и во следниот период нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив.Очекуваме повремени врнежи од дожд и снег и истите локално ќе бидат ОБИЛНИ.
На планините особено на запад ќе дојде до зголемување на снежната покривка (над 40 цм). Помала снежна покривка повремено има услови да се формира и низ градовите особено на запад. Температурите позначително ќе се намалат и ќе бидат околу просекот за овој дел од годината.
Да напоменеме дека долгорочното анализирање на времето и не е баш најпрецизно, затоа граѓаните добро би било да ги следат нашите краткорочни анализи на времето, тие се далеку попрецизни.
Пишува Славчо Попоски.
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (26 јануари)
-
Занимливости1 ден
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?
-
Магазин1 ден
Зошто зимницата ви се расипува. Ова се 3-те најголеми грешки!
-
Видео12 часа
Милиони прегледи: Поставиле ограда за кучето да не се качува по скалите, но нашло начин
-
Македонија13 часа
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици
-
Магазин1 ден
Microsoft престанува да продава лиценци за Windows 10
-
Магазин13 часа
iOS 16.3 со голем фокус на безбедноста