Спорт
Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во Европа за 2021 година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во Европа за 2021 година во 64. избор на новински агенции. Изборот традиционално го организираше во Полската национална агенција (ПАП), учествуваа вкупно 26 агенции, а Србија како и претходните години ја претставуваше Танјуг.
Ѓоковиќ, победникот на три Грен слемови годинава, победи со 172 поени и по четврти пат во кариерата ја освои оваа награда, по 2011, 2015 и 2018 година.
Второто место го освои минатогодишниот победник, играчот на Баерн од Полска, Роберт Левандовски (133 поени), а третото место го освои новиот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен (125 поени).
Во Топ 10 се и норвешкиот атлетичар Карстен Ворхолм (112), холандскиот спортист Сифан Хасан (94), словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (79), грчкиот кошаркар Јанис Анетокумпо (55), италијанскиот спринтер Марсел Ламонт Џејкобс (51) и шведскиот атлетичарот Арманд Д (29) и нордиската скијачка Норвежанка Тереза Јохауг (28).
Извор: politika.rs
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хроника1 ден
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Македонија2 дена
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Здравје и убавина2 дена
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје1 ден
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Македонија22 часа
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Скопје14 минути
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди