Спорт
Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз годинава

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да ја брани титулата на претстојниот Мастерс во Париз.
– За жал, годинава нема да играм на Мастерсот во Париз. Жал ми е за сите што се надеваа дека ќе ме видат како играм таму. На сите играчи, спонзори, организатори и навивачи им посакувам одличен турнир – изјави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Српскиот тенисер лани ја освои седмата титула на Мастерсот во Париз победувајќи го Григор Димитров од Бугарија со 6:4, 6:3.
Имам многу убави спомени од местото каде што освоив седум титули и се надевам дека ќе се вратам следната година – додаде Ѓоковиќ.
Спорт
Младинците на „АП Брера Струмица“ ја освоија титулата во „Купот на Македонија“ против екипата на „ФК Брегалница“

Во финалето на „Купот на Македонија“ на младинци, денеска екипата на „АП Брера Струмица“ ја освои титулата со убедлива победа од 4:0 против тимот на „Брегалница“. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првото полувреме заврши со водство за Брера откако Бобан Кузмановски постигна гол во 45. минута. Тој и во второто полувреме беше прецизен, зголемувајќи на 2:0 во 48. минута. Во 56. минута Давид Ристовски ја зголеми предноста на 3:0, а конечниот резултат од 4:0 беше поставен со автогол на Дарко Митев во 83. минута.
По завршувањето на натпреварот, пехарот и медалите им беа врачени на победниците од страна на Ѓорги Христов, технички директор на младинските селекции на Македонија и поранешен репрезентативец.
„ФК Брегалница“ настапи со следниот состав: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов.
Тренер: Никола Кузманов.
За „АП Брера Струмица“ играа: Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов.
Тренер: Ѓорѓе Стојчев.
Спорт
Ѓоковиќ ќе се бори за 100-тата титула, откако го победи Нори во Женева!

Новак Ѓоковиќ се избори за место во финалето на АТП турнирот во Женева, откако во полуфиналето го совлада Камерон Нори со 2:1 во сетови. Српскиот „ас“ го започна мечот силно и го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет Нори заигра поагресивно, успеа да направи пресврт и по неизвесен тај-брејк го израмни резултатот.
Ѓоковиќ, сепак, не дозволи изненадување и со убедлива игра во третиот сет, каде што поведе со 3:0 и потоа 5:1, рутински го затвори мечот.
Ова е вторпат Ѓоковиќ да учествува на турнирот во Женева, а сега има шанса да стигне до својата јубилејна 100-та титула. Во финалето ќе игра против Хуберт Хуркач од Полска, кој во другото полуфинале беше подобар од Себастијан Офнер.
Спорт
Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“

Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од 3:1 против „Работнички“ на финалниот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
– Од она што можеше да се забележи на терен, натпреварот започна динамично, а „Македонија Ѓ.П.“ поведе уште во 21 минута со гол на Стефан Ристиќ. Само пет минути подоцна, Ристиќ повторно се запиша во листата на стрелци, носејќи 2:0 за својот тим. „Работнички“ не се предаде, па во 43 минута преку Алек Трпковски намали на 2:1, враќајќи надеж за својот тим пред крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме, и двете екипи создадоа неколку добри шанси, но реализираше само „Македонија Ѓ.П.“ Лука Кнежевиќ во 77. минута го постигна третиот гол, со што ја запечати победата и обезбеди трофеј за својата екипа.
Работнички: Коста Стојановски, Амер Бајрами, Давид Лиотоски, Мартин Боцев, Михаел Аврамовски, Алек Трпковски, Бљерон Буши, Ердин Мамуди, Горјан Ѓапиќ, Дарин Михајловски, Игор Трпковски
Тренер: Марко Арсовски
Македонија Ѓ.П.: Андреј Јанкуловски, Филип Наумовски, Теодор Љубомировски, Горјан Петковски, Стефан Ристиќ, Алек Чедомирски, Лука Лазаревски, Јован Гиевски, Огнен Сивевски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски
Тренер: Мартин Христов
Ја користиме оваа прилика да им честитаме на Македонија Ѓ.П. за освојувањето на „Купот на Македонија“
-
Кичево15 часа
Демант од СВР Охрид: Стара е веста за случена сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, која беше за жал со жртви
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (23 мај)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (24 мај)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) „Кралевите“ и навивачите по 13 години и освоени сите титули се простуваат од Лука Модриќ, кој најави заминување од Реал Мадрид
-
Временска прогноза9 часа
Временска прогноза за сабота и недела, ќе имаме дожд на секаде и голем пад на температурите, ова се последните метео вести
-
Македонија2 дена
Во Охрид приведен 70-годишник од Скопје, бил баран по потерница за во затвор
-
Технологија1 ден
„Google“ за во лето најавува ексклузивни новости во Gmail преку платформата „Gemini“
-
Занимливости2 дена
5 уреди што трошат струја дури и кога не ги користите