Следете не

Спорт

Нови проблеми за Анчелоти: „Кралевите“ остварија важна победа, но Алаба заработи тешка повреда на коленото

Објавено пред

на

printscreen/official video

Реал Мадрид синоќа оствари многу важна и убедлива победа над Виљареал кој во шпанската престолнина беше поразен со 4:1. Навивачите на „кралскиот клуб“ можат да бидат задоволни од играта и резултатот, но не и деталот од 33. минута кога Давид Алаба мораше да го напушти теренот поради повреда.

Веќе во текот на натпреварот се појави информација дека австрискиот репрезентативец заработил тешка повреда на коленото, а Реал веднаш по мечот објави дека се работи за кинење на предните вкрстени лигаменти, и дека играчот ќе мора да оди на операција.

Во пракса тоа значи дека Карло Анчелоти нема да може да смета на Алаба до крајот на сезоната, па Италијанецот најави активен Реал во претстојниот јануарски преоден рок.

Пред Алаб истата повреда ја заработија Едер Милитао и Тибо Куртоа, проблеми со коленото има и Арда Гилер, додека Ферлан Менди вчера рано мораше да го напушти теренот поради повреда на десната надколеница.

Против Виљареал не играа ниту Едуард Камавинга, Дани Карвахал и Винисиус Жуниор, па јасно е дека Реал е во голем проблем пред да продолжи сезоната…

Најдобрите моменти како и головите во продолжение:

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија33 минути

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили2 часа

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин2 часа

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle2 часа

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин2 часа

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин2 часа

Spotify воведува нови правила за музика со вештачка интелигенција и антиспам

Spotify објави нов сет на политики насочени кон музиката создадена со вештачка интелигенција (ВИ) и спречување на спам содржини на...

Кичево3 часа

Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за среда (8 октомври)

ОВЕН Ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите, особено кога станува збор за љубовни интереси и односи со...

Кичево15 часа

Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот...

Хроника24 часа

По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ

Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по подолга и тешка болест поради која беше...

НАЈЧИТАНИ