Магазин
Новиот iOS 16 пристигна на постоечките уреди на Apple
Новиот iPhone е претставен, нарачките се отворени, а Apple ќе започне со испорака во петок. Некаде пред тоа, сопствениците на постари iPhone телефони ќе можат да се надоградат на најновиот iOS.
iOS 16 беше премиерно прикажан, традиционално, на конференцијата за развивачи на Apple WWDC 2022 во јуни. Оттогаш претрпе некои мали промени и неколку тест бета верзии, а со претставувањето на новата серија на iPhone, време е неговата прва стабилна верзија да заврши во јавна дистрибуција, пренесува Bug. Новиот мобилен оперативен систем на Apple може да се преземе од денеска (12 септември).
Најважните промени Новиот iOS ќе донесе неколку важни визуелни промени во корисничкиот интерфејс, од кои најистакната е персонализацијата на почетниот екран. За прв пат, со оваа верзија, ќе може целосно да се приспособи приказот на екранот што се прикажува додека iPhone е заклучен, да се додаваат графички контроли на него, да се менуваат фонтови или да се наведат различни почетни екрани за секој режим на работа (дома , во канцеларија, во автомобил итн…) . Ќе се освежи и приказот на известувањата, кој сега ќе се прикажува од долу нагоре, со цел интерфејсот да се прилагоди на се поголемите екрани на мобилните телефони.
Речиси сите акции на Apple ќе добиваат мали надградби, па iMessages ќе може да се уредуваат откако ќе бидат испратени, Safari ќе овозможи најавување без лозинка на многу интернет услуги, Apple Pay ќе нуди плаќање на рати и слично. Поддржани уреди Со ова ажурирање, Apple ќе дозволи ажурирање на оперативните системи на сите активни уреди претставени од септември 2017 година наваму.
Моделите кои ќе можат да добијат iOS 16 се: iPhone 13, iPhone 13 mini, iPhone 13 Pro, iPhone 13 Pro Max, iPhone 12, iPhone 12 mini, iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max, iPhone 11, iPhone 11 Pro , iPhone 11 Pro Max, iPhone XS, iPhone XS Max, iPhone XR, iPhone X, iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone SE (втора и трета генерација).
Серијата iPhone 14 доаѓа претходно инсталирана со најновиот оперативен систем. Затоа, застареноста ќе влијае само на iPhone 7.
Технологија
„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со нов 33MP CMOS сензор со partial stacked архитектура. Моделот носи значителни подобрувања во брзината на работа, автофокусот и видео можностите, со што се издвојува како многу моќна алатка за фотографи и видеографи.
Клучни карактеристики
- 33MP full-frame „partial-stacked“ сензор
- IBIS стабилизација до 7.5 EV во центарот
- AI-базирано препознавање на шест категории субјекти
- 30fps континуирано снимање без затемнување
- Pre-burst снимање до 1 секунда пред целосно притиснување на блендата
- 3.2″ екран со целосна артикулација
- Две USB-C порти (една за податоци, една за напојување)
- 4K 60p од 7K oversampling, 4K 120p со 1.5x кроп
- AI автоматско кадрирање и стабилизација при видео
Подобренија на сензорот
Иако резолуцијата останува 33MP, Sony вгради дополнително коло за значително побрзо читање на податоците една од најголемите слабости кај претходниот a7 IV. Овој пристап, веќе виден во некои 24MP модели, сега за првпат се применува на повисока резолуција.
Благодарение на тоа:
- рафално снимање до 30fps е можно со целосно 14-битно читање, без прибегнување кон „lossy“ RAW компресија,
- e-shutter брзината е зголемена на 1/16000 сек,
- Sony тврди дека не постои намалување на динамичкиот опсег при високи брзини на читање, што ќе се потврди при тестирање.
IBIS системот е исто така значително подобрен од 5.5EV на 7.5EV стабилизација, што овозможува посигурно снимање во услови со малку светлина.
Нов процесор и напреден автофокус
Сензорот работи во комбинација со новиот процесор Bionz XR2, кој го носи најновиот Sony AF систем во линијата a7. Наместо ограничено препознавање субјекти (како кај a7 IV), a7 V идентификува:
- луѓе, животни, птици,
- возила, инсекти,
- и нуди унифициран Auto режим за автоматски избор.
Следењето е побрзо, попрецизно и значително постабилно при високи стапки на снимање.
Нови RAW формати
Sony воведува нов „лесен“ RAW формат, наменет да понуди помали датотеки без деградација карактеристична за стариот lossy RAW. Сè уште нема поддршка од трети страни, но Sony ветува подобра оптимизација без компромиси.
AI функции во видео режим
Покрај AF-подобренијата, AI системот овозможува нови функции во видео:
Автоматско кадрирање
Камерата автоматски го следи субјектот и го извршува „виртуелен“ пан или зум, како да имате оператор зад камерата. Достапни се три нивоа на кроп, со опција прво да се прикаже широкиот кадар пред активирањето на следењето.
AI стабилизација на кадар
Покрај корекција на тресење, системот ја задржува позицијата на субјектот во кадарот (центар или друга зададена точка). Снимката потоа се зголемува до финалната резолуција.
Pre-burst снимање
Функцијата позната од a9 III овозможува снимање до 1 секунда пред реалното притискање на блендата. Интервалот може прецизно да се прилагоди од 1 секунда до 0.03 секунди, зависно од потребите и типот на сцена. Ова функционира со сите стапки на снимање.
Видео подобрувања
Побрзиот сензор овозможува значајно подобрени видео перформанси:
- дуплирани стапки на кадрирање во однос на a7 IV,
- 4K 60p преку 7K oversampling,
- 4K 120p со 1.5x кроп,
- можност за вчитување на персонални LUT-ови за преглед со точна градација,
- LUT-от може да се зачува како metadata за полесна работа при монтажа.
За разлика од FX серијата, LUT-овите не можат директно да се вметнат во финалната снимка.
Позиционирање на пазарот
Sony a7 V се наоѓа во најжешкиот сегмент на пазарот помеѓу почетничките и професионалните модели. Неговите главни конкуренти се:
- Canon EOS R6 III
- Panasonic S1 II (со нов фирмвер)
- Nikon Z6 III
Со комбинација од брзина, интелигентни технологии и моќни видео можности, a7 V се наметнува како многу сериозен конкурент во оваа класа.
Извор: Sony Electonics
Подетални одлични рецензии ќе најдете на видеото направено од јутјуберот Jason Vong
Хороскоп
Хороскоп за среда (3 декември)
ОВЕН
Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да биде ваш шеф, родител или некој кој поседува моќна позиција, а можно е да биде личност од друга држава или националност. Ќе ви биде драго што ќе имате удел во решавањето на некој важен проблем.
БИК
На некој ваш колега или пријател му е потребна помош во решавањето на некоја задача. Ќе имате силно чувство дека морате да превземете важен чекор, вашиот пат ќе биде отворен во исполнувањето на сите цели.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе оставате позитивен впечаток на сите кои ќе ги запознаете, од вас ќе зрачи светла енергија. Ќе бидете позитивно влијание на сите околу вас. Ќе бидете мотивирани да ја остварите вашата долго замислена цел. Сите ќе ве обожаваат.
РАК
Ќе ви се допадне идеата да правите нешто поразлично денес затоа што ќе сакате да воведете промена во вашето секојдневие. Ќе ви се допаѓаат разговорите со личности од различни култури. Ќе имате силни мислења кога е во прашање политиката денес.
ЛАВ
Ако денес сакате да направите некоја поделба, ќе имате доста строги идеи околу тоа. Ќе бидете дарежливи кон сите страни. За крај сето тоа ќе ви биде од одлична корист и на вам затоа што добрите нешта ќе се враќаат и кон вас.
ДЕВИЦА
Денес ќе уживате во разговорите со некој ваш драг пријател или партнер, ќе чувствувате пријатна атмосфера во нивно друштво. Ќе чувствувате инспирација и наплив на идеи при решавањето на некој важен проблем. Верувајте и на вашата интуиција, ќе успеете да надминете се што ви стои на патот.
ВАГА
Денес одлично ќе соработувате во групи што вклучува состаноци и тимска работа на вашето работно место. Ќе посакате да воведете некои реформи за да направите подобрување. Бидете внимателни со партнерот и блиските пријатели.
ШКОРПИЈА
Искористете ја поволната енергија да се социјализирате со другите и да се вклучите во некои забавни активности со деца денес. Исто така ќе сакате да уживате во некоја уметничка активност или да бидете дел од некој креативен проект. Спортските активности исто така денес ќе ви одат од рака, ќе имате доста енергија за дружење.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе уживате во друштвото со пријателите и најблиските. Можеби ќе посакате да направите некои промени во домот. Организирајте забава и пријатна дружба со вашите сакани.
ЈАРЕЦ
Денес ќе чувствувате ентузијазам за нешто и ќе посакате да ги споделите вашите идеи со сите околу вас. Ќе настојувате да ги убедувате сите да го делат вашето мислење со вас, и тоа ќе ви успева.
ВОДОЛИЈА
Ќе имате одлични идеи кога е во прашање зголемувањето на вашите финансии. Можно е да искористите нешто кое веќе го имате за да му помогнете некому. Ќе имате силно чувство да го направите светот подобро место.
РИБИ
Денес Месечината танцува во вашиот знак заедно со Јупитер. Ова ќе ве прави силни и ќе ја зголеми интензивноста на вашите емоции, ќе бидете пријателски расположени и отворени. Ќе ве загрижува некоја препирка со некој во вашата околина.
Магазин
(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna Run Away“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски, кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување, кој лично веруваме дека треба да биде истакнато и во светски рамки како целина.
Дополнително покрај гореспоменатиот Влатко Перо Трајкоски, учествуваа и:
Марјан Ризов, Матко Петровиќ, Урим Саити, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити
Уживајте во нешто наше, кичевско:
-
Кичево6 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Кичево1 ден(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Култура7 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин1 ден(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Кичево1 ден„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
