Магазин
Новиот стандард за брзина на процесорот ќе биде 6GHz
Кон крајот на оваа година, Intel планира да издаде нова генерација на десктоп процесори, наречени „Raptor Lake“, што ќе биде процесор од 13-та генерација на компанијата.
Со линијата Alder Lake, Intel ги направи Hybrid x86 процесорите достапни за поширока група корисници, додека Raptor Lake ќе додаде повеќе E-јадра на премиум производите. Raptor Lake доаѓа со до осум P-јадра и 16 E-јадра, од кои сите треба да овозможат зголемени перформанси и поголема брзина.
Според @OneRaichu, Интел треба да „извлече“ дополнителни 200-300 MHz од Raptor Lake во споредба со процесорот Intel i9-12900KS, што ќе му овозможи на новиот процесор да достигне брзина од 5,8 GHz. Со Raptor Lake, Intel се приближува до брзината на процесорот од 6 GHz, стандардно.
Со новиот процесор, Intel ветува и подобрени можности за оверклокување и зголемени перформанси над 10 проценти, како и повеќе L3 кеш. Сето ова треба да овозможи подобрени перформанси на процесорот Raptor Lake, особено во сегментот на игри.
/b92.net/
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Магазин
Google тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети
Google започна со тестирање на нова функција што им овозможува на корисниците на Android таблети да отвораат апликации во мали лебдечки прозорци. Оваа можност, која засега е достапна само во тест-верзијата Android Canary, претставува значаен чекор кон поудобно користење на таблетите за истовремена работа со повеќе задачи.
Како функционира новата опција
Според првичните информации, корисниците ќе можат да ја извлечат иконата на апликацијата од лентата со задачи и да ја повлечат до аголот на екранот. На тој начин, апликацијата ќе се отвори во мал подвижен прозорец над останатите, без потреба да се активира режимот со поделен екран.
Оваа функција во моментов ја тестираат само ограничен број корисници во Android Canary, но Google планира во наредните месеци да ја направи достапна и за поширока јавност.
Поголема флексибилност при користење
Google веќе има воведено можност за поделен екран, но новата опција овозможува уште полесно управување со повеќе апликации одеднаш. Така, корисниците ќе можат да одговорат на порака, да прегледаат документ или да пуштат видео – без да мора да ја прекинат работата во друга апликација.
Новата функција се очекува да биде дел од следното големо ажурирање на Android системот, кое ќе пристигне на таблети како Google Pixel Tablet и други уреди со големи екрани.
Google најавува дека ќе продолжи да ги усовршува своите решенија за полесно и поефикасно користење на уредите, како за работа, така и за секојдневна употреба.
Извор: Android Authority
Здравје и убавина
Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја кафе или едноставно го прескокнуваме.
Иако на прв поглед изгледа како безначаен пропуст, прескокнувањето на доручекот може да има повеќе последици од само зголемување на телесната тежина или ризик од дијабетес. Постојат и други причини зошто вреди да започнете денот со нешто во стомакот.
Кога не јадете ништо веднаш по будењето, бактериите што се насобрале во усната празнина преку ноќ остануваат активни и токму тие се главните виновници за непријатниот здив. Најдобар начин да ги отстраните не е само четкање на забите, туку и внесување храна што го поттикнува лачењето плунка и ги елиминира овие бактерии.
– „Прескокнувањето на доручекот е една од најштетните навики, бидејќи создава идеални услови бактериите да се размножуваат во устата,“ вели естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако навистина немате време за класичен доручек како јајца, овес или смути, тогаш барем испијте чаша вода и изедете едно парче овошје.
Дриан предупредува и да се избегнуваат засладени пијалаци и енергетски напитоци, бидејќи големата количина шеќери само им дава дополнителна храна на бактериите и ја влошува ситуацијата.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника21 часД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Кичево1 денВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Lifestyle1 денКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Магазин1 денApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Социјални мрежи4 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Спорт1 денВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
