Кичево
Новогодишниот „Базар“ на градскиот плоштад во Кичево е вистинска атракција, додека утре со сензационално шоу присутните ќе уживаат во најубавите чоколадни производи
Веќе една седмица кичевскиот новогодишен „Базар“ на плоштадот е вистинска сензација за најмладите но и возрасните. До новогодишната елка и најубавата Божикна пештера речиси и да нема детенце кое нема фотографија, најубави украси, ткаенини, благодарение на вредните раце од сестринството од нашите манастири се најубавиот предновогодишен дар, а тука е и греаното вино и ракија кои го имаат најубавиот вкус во зима, а пред неколку денови стартуваа и највкусните чоколадирани крофнички и палачинки.

Вечерва ги посетивме и за голема радост на најмладите ни истакнаа ексклузивна информација дека утре 29-ти декември со почеток од 19:30ч токму на ова место ќе отпочне и Акробатско спектакуларно шоу со 🌌 „Огнено тркало“ 🤹🏼♂️ во презентација на Владимир Баланс.
И тоа не е сѐ, после големиот празник Бадник се очекува да допатува и мини-воз кој ќе кружи по плочникот на градскиот плоштад, како и музички хепенинг, за кој дополнително ќе ве информираме.
Се гледаме утре на „Огнена“ сензација, топло вино и вкусни крофни!
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
Кичево
(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост и честитки беше пречекан од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, многу здравје, среќа и бериќет во плодна работа.
Советниците ги зедоа своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една добра атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон – четири слики во една од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите – истакна Јовановски на социјаните мрежи.
Посакуваме среќен почеток и успешна работа!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Балкан2 денаАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Спорт6 часаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Скопје2 часаЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
-
Свет1 денАмериканската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
-
Спорт1 денМакедонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

