Следете не

Магазин

Објавена е листата на најчесто користени лозинки во 2022 година

Објавено пред

на

Иако лозинките треба да ги заштитат корисничките сметки и профили на Интернет, тие често се „лесни за наоѓање“.

Така, објавена е листа со 10-те најчести лозинки на Интернет за 2022 година, со кои секој што сака може да пристапи до вашите сметки.

Многу од овие лозинки се вообичаени затоа што лесно се паметат, но што и да работи за вас, ќе работи за некој кој сака да ја искористи вашата „леснотија“ затоа што ќе ги прекопа вашите пораки за само неколку минути.

Списокот на 200 најчести лозинки беше објавен од NordPass, еве ги првите 10:

1. password

2. 123456

3. 123456789

4. guest

5. qwerty

6. 12345678

7. 111111

8.12345

9. col123456

10. 123123

Многу често се користи и повторувањето на еден број, како и бројките од 9 до 1. Покрај бројките, на листата се наоѓаат и термини како „Тиндер“, „Бетмен“, „Еуфорија“ и „Оскари“.

/danas

Мобилни уреди

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Daniel Romero @ Unsplash.com

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува дека Apple повеќе не е единствениот лидер на пазарот. Иако ги зазема првите четири позиции, Android уредите успеаја да се изборат за половина од топ 10 листата, при што Samsung доминира со четири модели, а Redmi се појавува со еден.

Од Samsung, меѓу најпродаваните се најдоа моделите: Galaxy A16 5G, Galaxy A06, Galaxy S25 Ultra и Galaxy A55 5G. Особено се истакнува Galaxy A16 5G, кој е на петтото место, но е најпродаваниот Android телефон во овој период.

Galaxy S25 Ultra, како единствен премиум Android модел на листата, е на седмото место – нешто пониско во споредба со неговиот претходник, S24 Ultra, кој лани беше петти. Причина за ова е неговото подоцнежно лансирање, што резултираше со пократок период на продажба. Сепак, серијата S25 во целина се продава стабилно, претставувајќи околу 25% од вкупната испорака на Samsung во месеците кога беше достапна.

Redmi 14C 4G е моделот кој ѝ обезбеди на оваа марка место меѓу најпродаваните Android телефони.

Apple, пак, доминира на врвот со моделите iPhone 16, 16 Pro Max, 16 Pro и iPhone 15, кои се на првите четири позиции. iPhone 16 Plus го зазеде десеттото место. Забележително е што iPhone 15, и покрај тоа што е на пазарот речиси две години, сè уште се продава одлично, благодарение на привлечната цена. Иако iPhone 16e не е меѓу првите десет, се очекува да има подобри резултати од претходните SE модели во текот на првата година.

Извор: counterpointresearch.com

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Месечен Хороскоп (јуни 2025)

Објавено пред

на

ОВЕН
Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите а со тоа ќе бидете склони кон соработка. Ќе ги пронајдете сите одговори на прашањата кои ве интересираат.

БИК
Денес е одличен ден за да ја завршите работата која одамна сте ја започнале и ја одложувате веќе долго.Ќе бидете изненадени од вашата продуктивност. Ќе бидете оранизирани и ќе доведувате се во ред.

БЛИЗНАЦИ
Денес Венера е на ваша страна а тоа ќе го истакне вашиот шарм и ќе успевате да продрете до сечие срце со вашите зборови. Ќе имате моќ да ги убедувате другите. Вашите идеи ќе бидат пофалени и наградени.

РАК
Денес ќе бидете преокупирани со деталите. Ќе барате постојано уверување дека се наоѓате на вистинскиот пат. Ќе ги преиспитувате сопствените уверувања и мотивации. Ќе остварите добивка од некоја работа за која не сте полагале голема надеж.

ЛАВ
Доколку долго време сте биле во конфликт со некој близок, денес конечно ќе го решите проблемот и ќе постигнете примирје. Превземете иницијатива но немојте да бидете премногу нападни. Во секторот на врските интимноста се зголемува а со тоа и желбата за романтични мигови со партнерот.

ДЕВИЦА
Денес е одличен ден да ги завршите сите заостанати обврски. Венера ќе ве благослови со шарм а тоа ќе ви биде од огромна помош на деловното место каде ќе освојувате се пред себе. Вашите колеги ќе бидат воодушевени од вашите идеи, време е да истапите од сенката.

ВАГА
Доколку сте чувствувате тензичност со некој ваш пријател кој можеби е воздушен знак, денес конечно ќе направите примирје. Внимавајте на вашите зборови, можно е да зажалите подоцна. Ќе успеете во некое групно натпреварување или ќе се истакнете во некоја групна активност.

ШКОРПИЈА
Денес месечината влегува во вашиот сектор на странста. Ќе бидете сконцентирани на тоа да изгледате убаво и да се чувствувате пријатно во својата кожа. Ќе бидете лесно заведени и во главата ќе ви се вртат романтични сценарија со партнерот, ви претстои забавна вечер.

СТРЕЛЕЦ
Ако веќе долго време ги криете вашите чувства спрема некој и се двоумите дали да ги искажете, денес е вистинскиот ден да го сторите тоа. Оние кои се во врска или брак, долго време го занемарувале партнерот. Денес ќе бидете особено енергични, искористете ја енергијата така што ќе бидете продуктивни.

ЈАРЕЦ
Денес ќе сакате да побегнете од обврските. Ќе сакате банални разговори без многу преоптеретување со длабоки теми. Некои Јарци ќе откријат некоја долго сокривана тајна, други ќе дадат совет кој некому многу ќе му користи

ВОДОЛИЈА
Вашата креативност денес ќе биде на врвот. Ќе правите се со ентузијазам и леснотија. Што се однесува до правењето планови за иднина, ќе се стремите кон практичност и остварување на поголема добивка. Внимавајте пред да донесете конкретна одлука.

РИБИ
Денес ќе се грижите за туѓите чувства и емоции и ќе сакате да им помагате на другите. Вие сте емпат а со тоа мора да се заштитите себеси од туѓата негативност, затоа не му дозволувајте на секого пристап до вашето срце. Доколку е возможно, носете камен аметист со себе. Опкружете се со енергични и позитивни луѓе, ќе имате незаборавен ден.

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Utsman Media @ Unsplash.com

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал iPhone 16, по него следат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro, како и моделот од минатата година – iPhone 15. Овој успех уште еднаш ја потврдува доминацијата на Apple на светскиот пазар на паметни телефони.

Според MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. За разлика од претходните години кога најскапите модели како Pro Max беа најбарани, сега обичниот iPhone 16 е многу популарен. Причината за тоа е што го користи новиот A18 чип, кој е речиси ист како A18 Pro чипот во iPhone 16 Pro Max.

Освен тоа, моделот доби нови функции како копче за акција и копче за контрола на камерата – нешто што досега беше достапно само кај Pro моделите. Овие додатоци го направија iPhone 16 попривлечен и го приближија до Pro серијата, давајќи им на корисниците подобра вредност за своите пари. Ова доведе до значителен пораст на популарноста на основниот модел во повеќе делови од светот.

Во првите три месеци од годинава, пет од десетте најпродавани смартфони биле модели на Apple. iPhone 16 Plus се пласираше на десеттото место, додека новиот iPhone 16e го зазеде шестото место во март 2025 година.

Со својата прифатлива цена и одлични карактеристики, iPhone 16e нуди многу повеќе од тоа што претходно го нудеше iPhone SE. Се очекува дека ќе го надмине својот претходник по бројот на продадени уреди, благодарение на подобрениот хардвер.

Извор: Counterpoint Research / MacRumors

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Регионалниот центар Запад во содејство со СВР Охрид во охридско кабаре приведоа странски државјанки, злоупотребиле туристички престој

Денеска (01.06) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар...

Македонија5 часа

На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата...

Мобилни уреди5 часа

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува...

Македонија7 часа

МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката...

Македонија8 часа

Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири

Поттикнати од јавните бранувања, објавите по медиумите и социјалните мрежи и од неодамнешните јавни собири во врска со назначувањето на...

Временска прогноза9 часа

Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните...

Хороскоп20 часа

Месечен Хороскоп (јуни 2025)

ОВЕН Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите а со...

Кичево22 часа

(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите...

Кичево23 часа

Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот

Група граѓани од Кичево за утре 1-јуни најавија мирен собир во знак на почит на владиката Партениј. Во натпис на...

Временска прогноза1 ден

Конечно очекуваните летни температури на повидок во Македонија, ова се информациите

Територијата на Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот...

НАЈЧИТАНИ