Временска прогноза
Облачно време со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.
Потоа утре ќе се задржи претежно стабилно и суво но со зголемена облачност, додека од четврток па натаму и тоа под влијание на циклонска активност се очекуваат нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи. Ќе започне да дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, истакна метео прогнозерот Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање
Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
-
Култура9 часа
(ФОТО) Во кичевскиот манастир Св.Богородица – Пречиста денес беше одбележан празникот на Живоносен Источник „Балаклија“ со архиерејска литургија и традиционална литија
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (11 мај)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 мај)
-
Спорт1 ден
Македонските фудбалски надежи до 14 години одиграа нерешено против Словенија во вториот контролен меч
-
Магазин2 дена
Gmail: Како да креирате сметка за е-пошта на Google Workspace
-
Магазин2 дена
ChatGPT добива интернет прелистувач
-
Магазин2 дена
Вештачката интелигенција заштедува околу 30 минути дневно на работа
-
Магазин2 дена
Google претстави нов паметен телефон од серијата Pixel