Следете не

Временска прогноза

Доаѓаат врнежливи денови, ова се најновите метео детали

Објавено пред

на

Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно и суво но со зголемена облачност. Под влијание на циклонска активност пак од четврток па натаму се очекуваат нови врнежи од дожд, кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи. Ќе започне да дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи претежно стабилно и суво, но ќе има нешто повеќе облачност.

Според Попоски, од четврток па натаму и во скоспкиот регион ќе растат условите за повремени врнежи од дожд, а ќе има услови и за појава на грмежи. Исто така ќе започне да дува и засилен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 20 степени.

Временска прогноза

Временска прогноза за од понеделник, ова сигурно не се очекуваше..

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец и ќе има врнежи од дожд низ целата држава.

На повеќе места и тоа особено во понеделник попладне и навечер врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).

На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.

Снежната граница особено во западните предели можно е да се спушти до околу, локално и под 1000 м.н.в.

Температурите ПОЗНАЧИТЛНО ќе се намалат (дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните), и во текот на следната работна недела максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели.

НАПОМЕНА: Температурите кои се очекуваат во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ од вообичаените за овој период од годината, и наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

Објавено пред

на

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 20 степени. 

Сепак ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд, а утре локално ќе биде и естабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Исто така утре на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН, до СИЛЕН ветер од југозападен правец (локално со брзина до околу 80 км/час).

Од понеделник под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде низ Македонија, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Снежната граница има услови да се спушти и до околу, па дури и под 1000 м.н.в, особено во западните и во северните предели.

Врнежите особено во понеделник попладне и навечер на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).

Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за десет, а понекаде и за повеќе од десет степени) и максималните температури од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Температурите кој се очекуваат од понеделник ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за почетокот на април месец.

По се изгледа дека во првата половина од месец април ќе имаме постудено време од вообичаеното и со почести врнежи од дожд и снег, што значи дека со зимата не е завршено.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следува топло и стабилно време, но викендот пред нас повторно облаци..

Објавено пред

на

Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено НИСКИ температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март.

Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.

Во Скопје беа измерени 2 степени.

На повеќе места е забележан умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз овошките.

Потоа во следните неколку денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Под влијание на ГОЛЕМ но и ПОСТУДЕН воздушен бран, во понеделник ќе имаме ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов ПАД на температурите.

Детали околу ова следуваат овие денови, кога состојбата ќе биде многу појасна.

За порта пишува Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

Временска прогноза за од понеделник, ова сигурно не се очекуваше..

Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за недела (2 април)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

Скопје20 часа

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“,...

Македонија22 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави...

Македонија23 часа

(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи...

Македонија24 часа

(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко...

Здравје и убавина1 ден

Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело....

Македонија1 ден

Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во вторник, на 4 април 2023 година, од 11:45 часот до...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (април 2023)

ОВЕН Овновите се многу посветени на парите во текот на април. Сè што може да ви донесе добра заработка, наоѓате...

Хроника2 дена

Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ

Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата...

НАЈЧИТАНИ