Спорт
„Од блиску“ со Дени Масев спортскиот директор на Македонската фудбалска репрезентација, „Верувам во победа против Италија“

Дени Масев за спортскиот портал „Спортмедиа“ вели дека збиднувањата во изминатата година можат да се поделелат на два дела. Првиот е тие шест месеци под водство на Игор Ангеловски, а вториот е стартот на селекторувањето на Благоја Милевски.
Масев речиси и да нема успех каде што нашиот најдобар национален тим не го остварил, а тој да нема своја улога. Велат како личност е ненаметлив, сепак знае што сака, и што е поважно знае и тоа како да дојде до тоа што го сака. Тој е најважната и движечка алка која ги поврзува репрезентацијата и Фудбалската федерација на Македонија.
Прочитајте го целосното интервју на Дени Масев направено за спортскиот портал „Спортмедиа“ ТУКА
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.
Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево45 минути
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште не терен
-
Магазин1 ден
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин1 ден
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Спорт19 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
Автомобили1 ден
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Lifestyle8 часа
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате