Следете не

Автомобили

Од денес авто-плинот со намалена цена за литар

Објавено пред

на

Авто-плинот (тнг) после подолг период денес се продава со намалена цена за денар и половина на литар и моментално се продава за 43,50 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва 00:01 часот.

Што се однесува до течниот нафтен гас, тој не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, така што цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици)

Автомобили

Во Шангај на саем доаѓа новиот целосно електричен теренец Mercedes-Maybach EQS 680

Објавено пред

на

Архива

Mercedes-Maybach ја потврди премиерата на целосно електричниот теренец Mercedes-Maybach EQS 680 за 17 април и саемот во Шангај.

Станува збор за луксузна верзија на теренецот Mercedes EQS, а заедно со кратката најава доаѓа и тизер слика.

Визуелните промени во споредба со стандардниот теренец на Mercedes EQS ќе вклучуваат препознатлива предна табла и значка Maybach, малку редизајнирани браници, различни алуминиумски тркала и повеќе сјајни детали за каросеријата.

Од внатрешната страна, луксузниот теренец се очекува да има четири седишта, со инфозабавен систем за патниците одзади, заедно со луксуз како што се преклопни маси и мини-фрижидер. Дополнително, Maybach ќе користи премиум материјали и ќе понуди бројни опции за персонализација за да ја оправда повисоката цена.

Името Mercedes-Maybach EQS 680 SUV навестува дека ќе биде помоќен од моделот EQS 580 4Matic SUV што моментално го нуди Mercedes. Последниот има два електромотори со 400 kW/543 КС и 857 Nm вртежен момент, како и батерија од 108,4 kWh која е доволна за автономија од 459 km.

Во моментов, единствената позната спецификација на верзијата со брендот Maybach е привремената комбинирана потрошувачка од 24,4-22,5 kWh/100 km што следи по официјалното соопштение, пишува колегата Иван Митиќ од најдобриот Autoblog.rs

Прочитај повеќе...

Автомобили

Денеска одобрен историски закон за земјите членки на ЕУ во однос на продажба на автомобили со емисија на јаглерод диоксид

Објавено пред

на

Министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија денеска одобрија закон според кој од 2035 година ќе биде стопирана продажбата на автомобили со емисија на јаглерод диоксид (CO2) во рамките на Европската унија, откако Германија доби изземање за автомобилите кои користат е-горива.

Според Ројтерс, новите автомобили продадени од 2035 година мора да имаат нула емисија на CO2, а оние што се продаваат од 2030 до 2035 година мора да имаат најмалку 55 отсто помали емисии од оние од 2021 година.

Дополнително, Европската комисија се обврза да предложи дополнителни правила кои овозможуваат континуирана продажба на нови автомобили со внатрешно согорување кои користат само таканаречени е-горива по 2035 година.

Извор: Tanjug.rs / Novosti.rs

Прочитај повеќе...

Автомобили

Дали е ова подобро решение за забавување на сообраќајот од „лежечки полицаец“? ФОТО

Објавено пред

на

За време на пандемијата на коронавирус, градските власти на Ванкувер ја започнаа кампањата „Slow Street“. Идејата се заснова на две бетонски бариери кои ги стеснуваат патиштата и го насочуваат возачот да помине меѓу нив со намалена брзина.

Властите ширум светот прават се за да ја ограничат брзината на градските патишта, а овој систем во Канада е еден од новитетите. Сепак, не е сигурно дали овој проект е најдобриот што би можеле да го смислат сообраќајните експерти.

Локалната новинарка Џил Бенет неодамна се пожали на Twitter дека бариерите водат до чести несреќи. Таа објави и фотографија од Dodge Durango заглавен на една од овие бариери.

Бетонските бариери се наоѓаат на улици каде што има чести сообраќајни несреќи или проблеми со брзината, особено кога таквите патишта се вкрстуваат со други патишта. Во Ванкувер се поставени дури 42 бариери.

Но, не сите размислуваат како Бенет. Имено, многумина го поддржуваат овој проект.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (2 април)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

Скопје17 часа

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“,...

Македонија19 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави...

Македонија20 часа

(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи...

Македонија20 часа

(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко...

Здравје и убавина21 час

Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело....

Македонија24 часа

Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во вторник, на 4 април 2023 година, од 11:45 часот до...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (април 2023)

ОВЕН Овновите се многу посветени на парите во текот на април. Сè што може да ви донесе добра заработка, наоѓате...

Хроника1 ден

Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ

Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата...

Временска прогноза2 дена

Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени,...

НАЈЧИТАНИ