Временска прогноза
Од денес повторно стабилно и суво време, температурите ќе бидат во пораст

Од денес како што и претходно најавивме температурите кај нас во Македонија ќе бележат тенденција на пораст, па така максималните дневни температури на воздухот денес (петок) 5.7.2024 ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 30, 31 степен.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, но сепак ќе има појава и на мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во текот на денов следува детална анализа околу многу топлиот бран кој повторно ни доаѓа од Африка, и тоа уште од овој викенд, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево10 часа
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Кичево9 часа
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Хроника1 ден
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Македонија8 часа
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија11 часа
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Македонија54 минути
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица