Временска прогноза
Викендов се враќаат високите температури и УВ индексот, не излегувајте во најтоплиот дел од денот без потреба!

Пред нас е нагла и голема промена на времето, и тоа гледано по температурите на воздухот и сето тоа особено лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми. Изминатиов период имавме навистина свежо време, особено во ноќните и во утринските часови кога имавме есенски температури на повеќе места во Македонија. Понекаде во државава температурите во утринските часови се спуштија дури и под 10 степени.
Веќе од овој викенд нашата територија ќе подпадне под влијание на нов многу топол бран од Африка, па така температурите нагло и позначително ќе порастат. Насекаде тие ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.
Времето ќе биде претежно сончево и стабилно а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
За време на овој викенд и во Скопје и околината ќе имаме стабилно, сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.
Ув индексот пак ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности, за порта.мк пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево18 часа
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Култура18 часа
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Скопје2 дена
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија2 дена
ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци