Следете не

Временска прогноза

Доаѓа најсилниот и најдолг топлотен бран во Македонија ова лето

Објавено пред

на

Во Македонија е во текот најдолгиот и најсилниот топлотен Африкански бран ова лето. До самиот крај од оваа, како и во текот на следната седмица температурите  и понатаму ќе ни бидат екстремно високи и во најголем дел од Македонија ќе се искачуваат до, па  и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 43 степени оваа седмица, додека во текот на следната седмица во овие предели можни се температури и до 45 степени.

Во Скопската котлина очекуваме температури до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа е можно и да надминува 40 степени.

За време на овој период во најголем дел од Македонија очекуваме  и тропски ноќи, односно температурите  во текот на ноќните  и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Само во недела во попладневните  и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока, до екстремно висока вредост 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре (сабота) попладне и тоа во западните предели (локално од 15 до 20 литри воден талог на метар квадратен). На планините ќе има врнежи од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Поради понатамошното заладување на времето, во недела попладне и навечер повремен снег ќе има и на повисоките места, особено во западните  и во северните предели од Македонија, со надморска височина од, па и под 1000 метри. Не се исклучува можноста во споменатите предели слабо провејување на снег да има понекаде  и во пониските места (градовите).

Во недела попладне и навечер, како и во понеделник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Што се однесува до Скопскиот регион, ќе имаме слично време овој викенд, односно се очекуваат повремени врнежи од дожд, а особено во недела на околните планини, а доцна попладнето и вечерта  и во повисоките предели од котлината ќе има услови за слаби врнежи од снег, кога повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие за време на овој викенд ќе бележат тенцендија на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа во недела навечер и ноќта кон понеделник, како и во понеделник наутро дополнително ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека на високите и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.

Значително постуден ден ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Апелирам доколку овој викенд се движите  кон планинските превои, поради тоа што се очекуваат нови врнежи од снег, возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, односно да возат со намалена брзина, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег

Објавено пред

на

Викендот што ни претстои, територијата на нашата Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (локално околу 20 литри воден талог на метар квадратен).

Во сабота на планините, а во недела особено попладне и на повисоките места со надморска височина од, па и под 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, а на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Што значи во нашиот регион, често популарните превои ќе бидат сигурно под снежна покривка, со оглед на тоа дека нивната висина е од 900 до 1212 н.м.в.

Во недела доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи и во понеделник (16 декември). Поради дополнителното заладување, доцна вечерта и ноќта недела кон понеделник повремен снег ќе има и во градовите, особено во западните и во северните предели од Македонија.

Што се однесува до Скопскиот регион, овој бран ќе донесе врнежи од дожд, а на околните планини ќе има врнежи од снег. Во недела, особено попладне  и вечерта послаби врнежи од снег се можни и во повисоките предели од котлината, а ноќта недела кон понеделник по некоја снегулка може да провее  и во пониските предели од Скопската котлина (ништо посебно).

Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа, во недела навечер и ноќта кон понеделник дополнително тие ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1,  додека на повисоките планински места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.

Особено студен ден и без врнежи, но и доста ветровит ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, додека на повисоките места и на планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат под нулата, информира Славчо Попоски

Попоски: Апелирам, доколку патувате овој викенд низ планинските превои, да бидете крајно внимателни, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег кои би можеле да создаваат нови проблеми низ патиштата.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Долгорочната метео анализа предвидува многу ниски температури под нулата, истите започнуваат од средина на месец декември

Објавено пред

на

Се поизвесно е дека ноќта недела кон понеделник, односно 15 спрема 16 декември, како и во понеделник 16 декември, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од многу поладен воздух од север, и истиот би условил повремени локални врнежи од дожд и снег, како и повремено силен ветер од северен правец, особено во понеделник на 16 декември.

Барем одсега гледано во понеделник очекуваме многу постуден ден со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени.

Во вторник пак на 17 декември би требало да има јак мраз на повеќе места во Македонија, и тоа во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а на високите  и планинските места тие ќе се спуштат дури и до околу -15 степени.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, со што јавноста ќе биде навремено информирана околу овој можен изразен ладен бран кој наскоро би можел да ја зафати Македонија, информираше Славчо Попоски на метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 минути

Хороскоп за сабота (14 декември)

ОВЕН Денес е одличен ден за дружба со вашите најсакани но не баш поволен ден за донесување важни одлуки. Ограничете...

Временска прогноза25 минути

Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови...

Технологија2 часа

(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?

Се вжештува битката за титулата најмоќен модел со вештачка интелигенција. Речиси една недела откако OpenAI го направи јавно достапен својот...

Спорт10 часа

Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026

Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за петок (13 декември)

ОВЕН Немате причина да брзате и да донесувате ненадејни одлуки. Овие дена, обидете се да ги набудувате другите за да...

Временска прогноза1 ден

Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег

Викендот што ни претстои, територијата на нашата Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе...

Кичево1 ден

Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.

На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбе „ивеко“ со...

Магазин1 ден

Threads тестира напредни функции за пребарување

Платформата Threads продолжува со воведување на подобрувања со цел да ги адресира долгогодишните поплаки на корисниците. Адам Мосери, шефот на...

Магазин1 ден

Google и Meta во неволја: Европската унија започна истрага

Европската комисија започна истрага за рекламни кампањи кои го промовирале Instagram на тинејџери преку YouTube, заобиколувајќи ги правилата на Google...

Магазин1 ден

iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен

Ажурирањето на iOS 18.2 носи напредни функции за вештачка интелигенција (AI), како Image Playground и Genmoji, додека интеграцијата на ChatGPT...

НАЈЧИТАНИ