Следете не

Кичево

Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница

Објавено пред

на

©porta.mk

На 05.02.2025 во 20:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Рудничка“ во Кичево, една малолетничка од Кичево се здобила со повреди од претходно испукана петарда.

Таа била пренесена во Општа Болница во Кичево каде и била укажана помош.

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, за медиумите и јавноста информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Објавено пред

на

©porta.mk

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).

Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.

 

Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.

Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.

 

– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)

– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.

 

Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.

Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати

Прочитај повеќе...

Кичево

Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Објавено пред

на

©porta.mk

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.

🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.

Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански

Линк до објавата ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје6 часа

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на...

Македонија13 часа

Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од...

Македонија14 часа

По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со намалена цена за 2 денари, односно 44 ден/лит. Имено како што...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (15 април)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт1 ден

Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2)...

Технологија1 ден

Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената

Во Европа, PS5 Digital Edition сега ќе чини 499,99 евра, објави компанијата во блог пост. Sony ја зголеми цената на...

Македонија2 дена

Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни...

Македонија2 дена

Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола...

Временска прогноза2 дена

Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (14 април)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

НАЈЧИТАНИ