Македонија
Од ноќеска цената на дизелот се намалува, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 94,00 ден/лит.
Од 28.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)
Македонија
Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед

На 07.06.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.20 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, Р.Ѓ.(58) од Штип, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Во несреќата, возачот Р.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирана во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, информираше МВР.
Македонија
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7 јуни 2025 година, регистрира серија земјотреси со епицентри во соседна Република Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути, чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML5.2.
Земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од ЦУК.
Извор: ЦУК
Македонија
Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од неколку недели на гробиштата во с.Косевица, општина Македонска Каменица, биле оштетени надгробните плочи од гробовите на неговите починати родители.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (8 јуни)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за понеделник (9 јуни)
-
Македонија2 дена
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Временска прогноза1 ден
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!
-
Македонија2 дена
Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка
-
Култура21 час
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух