Следете не

Временска прогноза

Од ноќеска, односно утре нагла промена на времето и пад на температурите

Објавено пред

на

Ладниот бран од север, поврзан со Атмосферски фронт, полека го зафаќа Балканскиот Полуостров. Што се однесува за времето во нашата Македонија, до крајот на денов ќе имаме претежно сончево и топло време со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во ноќните часови од запад облачнота ќе се зголемува  и од запад ќе започнат локални врнежи од дожд. Утре (недела) ќе има поголема облачност проследена со повремени локални врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Уште од претпладневните часови ќе започне да дува северен ветер, кој особено во попладневните  и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник, и во понеделник повремено ќе биде силен (над 60 км/час). Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието.

Поради продор на многу постудена воздушна маса од север, утре (недела) попладне  и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник не очекува нагло и големо заладување на времето, со пад на температурите за 8 до 1о степени, а во северните предели од државава  дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имаме денес. Поради заладувањето, не се исклучува можноста  и за провејување на снег на највисоките планински места во Македонија.

Утре преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека како што напоменав попладнето и вечерта нагло ќе опаднат. Нјастуден ден ќе биде понеделник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Наутро пак во понеделник и вторник температурите на повеќе места ќе се спуштат  и под 5 степени, а во Беровскиот регион, како и на повисоките  и на планинските места тие ќе се спуштат и под нулата.

Во понеделник и во вторник во ноќните и во утринските часови можна е појава дури и на слана  и на мраз на повеќе места во Македонија.

НАПОМЕНА: Оваа нагла и голема промена на времето која доаѓа во Македонија, особено лошо ќе се одрази врз метеопатите.

Да напоменам дека во регионот температурите ќе опаднат дури и за околу 20 степени, вели Славчо Попоски, еден од најдобрите метеоролози на Балканот.

Временска прогноза

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.

Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jason Miller

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.

Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).

На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија13 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт13 часа

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle16 часа

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин18 часа

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили18 часа

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза19 часа

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 ден

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет1 ден

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

НАЈЧИТАНИ