Временска прогноза
Попоски: Најава, од недела пад на температурите за околу 15 степени и силен северен ветер (над 60 км/час)
До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од утре до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие се очекува да надминат и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени.
Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.
Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите и на планинските места тие би можеле да бидат и уште пониски.
Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас сушен период со ниски утрински температури, ова се последните метео вести
Новата седмица која е пред нас, односно во периодот од 14 октомври, па се до 21 Октомври, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), со центар над источна Европа.
Во ваква ситуација кај нас ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде постудено, а од средината на седмицата во утринските часови по котлините и речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Недостаток на врнежи, односно сушен период ќе има над целата територија на Балканскиот Полуостров.
Што се однесува до температурите, до средината на седмицата тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пад, па така веќе наутро понекаде тие ќе се спуштаат до околу, па и за некој степен под нулата, особено во Беровскиот регион, како и на повисоките населени места и на планините, вели метеорологот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски
Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре (петок) повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Денес (четврток), како и утре (петок) повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.
Во Скопскиот регион денес (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре (петок) во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени.
НАПОМЕНА: Овие температури кои ќе ги имаме денес и утре (петок) ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон утре (сабота) ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (13 октомври)
-
Спорт2 дена
(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“
-
Театар1 ден
Во четврток во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“
-
Временска прогноза3 часа
Пред нас сушен период со ниски утрински температури, ова се последните метео вести
-
Магазин2 дена
Јапонија ги добива првите USB4 2.0 кабли во светот, со неверојатни брзини
-
Спорт4 часа
Димитриевски: Имам многу добра соработка со одбраната, верувам дека и денес нема да примам гол!
-
Магазин2 дена
Револуција за гејмерите на Android: игрите на Xbox директно во апликацијата од ноември