Следете не

Временска прогноза

Утре и во среда локална појава на дожд, додека од четврток повторно сонце на цела територија од државата

Објавено пред

на

Како и претходната најава, во Македонија започна период на значително потопло време т.н. „Мини Лето“ и истото ќе се задржи до самиот крај на оваа недела. Сепак утре (вторник), како и задутре (среда) ќе имаме повеќе облачност и ќе има појава на краткотрајни локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи (но и ова не би било некоја долготрајна и голема промена на времето), поради тоа што веќе од четврток повторно ќе имаме многу сонце во Македонија.

– Што се однесува до температурите, тие во периодот кој што ни следува, како утринските, така и максималните дневни постојано ќе бидат во пораст, па така максималните дневни температури насекаде во Македонија ќе надминуваат 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 25 степени.

  • Во вториот дел од оваа недела и за време на викендот во погоре споменатите предели, температурите локално ќе се искачат и над 30 степени. Што значи дека секако и покрај онаа мала промена на времето која не очекува утре и во среда,  ќе има простор и за уживање во пријатно топлите временски услови.

За време на овој период, температурата во скопскиот регион ќе се искачи во интервал помеѓу 27  и 33 степени за време на викендот, пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево

Објавено пред

на

ФОТО: Etienne Girardet / Unsplash.com

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.

Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: unsplash.com / Takashi Miyazaki (@miyatankun)

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа  и над Џеновскиот Залив.

Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени.

На повеќе места тие  ќе надминуваат  и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат  и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.

Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.

Да напоменам дека поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина  и песок, па така  и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од следната седмица конечно пораст на температурите, но во некои региони нестабилното време проследено со дожд и ретки грмежи ќе продолжи

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така и во останатите предели од нашата Македонија.

Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје10 минути

Пронајден возачот кој во Скопје со возило удри во тротинет, возилото било веднаш одземено

Денеска (19.04.2025) во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје,...

Социјални мрежи1 час

Инстаграм има нова функција која се нарекува „Blend“ нејзината цел е да го направи гледањето и споделувањето на содржината на „Reels“ уште позабавно.

Ако сакате да испраќате клипови од „Reels“ на вашите пријатели на Инстаграм, можеби ќе ви се допадне новата функција што...

Кичево6 часа

СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи

На 18.04.2025 во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за сабота (19 април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Кичево19 часа

Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“

Во стравичната сообраќајна несреќа која го крена на нозе Кичево за жал е со трагични последици. Несреќата се случила на...

Кичево21 час

Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар. Првичните информации се дека...

Македонија1 ден

Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на...

Скопје1 ден

МВР со посебен режим на сообраќај за утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен...

Култура1 ден

„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (18 април)

ОВЕН Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој...

НАЈЧИТАНИ