Временска прогноза
Во краткотрајниот периодот од 23-ти, па се до 30 септември очекуваме „Мини-лето“ и повисоки температури – вели Попоски

По долгиот период на невообичаено студено време за месец септември, кое беше проследено со чести врнежи, па дури истото го донесе и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија, во периодот од 23 септември, па се до 30 септември, ни следува период на значително потопло време преку ден и со температури кои повторно ќе бидат малку над просекот за овој период од годината.
Секако, токму ова ќе биде и проследено со претежно стабилно и суво време со многу сончеви периоди. Краткотрајна промена на времето очекуваме вечерта на 24 септември, и во среда (25 септември), кога од запад над нашата територија ќе помине еден влажен воздушен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд, но сепак, веќе како што кажав сето ова ќе биде краткотрајно, па така од четврток повторно времето ќе се стабилизира и ќе имаме многу сончеви периоди.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, а само во почетокот на следната седмица ќе биде значително постудено кога температурите, особено во Беровскиот регион и на високите планински места наутро ќе се спуштаат и под 5 степени.
Преку ден во текот на следната седмица како што напоменав, ќе биде многу потопло за разлика од сега, кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие, особено во втората половина од следната седмица, како и за време на следниот викенд ќе се искачат и над 30 степени, односно до околу 33 степени.
Се на се, следната седмица можете да уживате во “Мини Летото” кое се очекува кај нас, и секако барем според она што можам моментално да го кажам, тоа ќе продолжи и во првата седмица од месец Октомври.
Мора да напоменам дека, во делови од Централна и Западна Европа во истиот период кога кај нас очекуваме “Мини Лето”, повторно очекуваме потпросечни температури и многу почести и пообилни врнежи. Исто така повеќе врнежи во тој период ќе има на северен Балкан, како и Долж Јадранското приморје, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.
Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.
И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.
Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.
Денес (вторник 15 јули) во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот