Следете не

Случувања

Од ноќеска започнува летното сметање на време, часовникот се поместува еден час напред

Објавено пред

на

Летното сметање на времето започнува од ноќеска недела 28 март, со поместување на часовникот еден час напред, односно од 02:00 преминува во 03:00 часот наутро.

Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева само околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.

Воведено е летно сметање на времето за да им се даде на луѓето час повеќе дневно, но како што се приближува зимата, денот станува сè пократок и многу луѓе го започнуваат и завршуваат работниот ден во темница, со малку можност да го поминат времето на сончева светлина.

Сепак, се почесто се слушаа гласови дека овој систем е застарен во денешно време. Некои студии покажуваат дека се троши повеќе енергија во овие околности. Околу 70 земји во светот го поместуваат часовникот двапати годишно.

Постоеше долга полемика за ваквиот начин на броење на времето. Во ЕУ, укинувањето на движењето на стрелките беше предложено врз основа на истражување кое покажа дека 84% од испитаниците не сакаат повеќе да ги движат рацете. И тоа, пред сè, заради влијанието врз здравјето.

Македонија

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.

„Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.

Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија19 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт19 часа

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle23 часа

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин1 ден

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили1 ден

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза1 ден

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија2 дена

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет2 дена

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

НАЈЧИТАНИ