Временска прогноза
Од петок најава за нови снежни врнежи и на пониските места, ова се деталните метео вести
По краткотрајното затоплување кое ни пристигна, веќе имаме официјални инфоирмации дека веќе од четврток попладне и навечер кај нас доаѓа нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад, поточно од Атлантикот.
Најпрвин врнежите насекаде ќе бидат од дожд, потоа во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок поради продор на многу постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите од дожд брзо ќе преминуваат во врнежи од снег (НАПОМЕНА: Снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина). На планините и на Скијачките центри ќе се формира позначителна снежна покривка (од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 сантиметри, особено на високите планини).
За време на викендот, и тоа поради понатамошно спуштање на студен воздух од север, послаби локални врнежи од снег ќе има и во градовите. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.
Температурите позначително ќе се намалат, па така наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде тие ќе се спуштат и до -10 степени, а на високите планини и под -10 степени. Максималните дневни температури за време на викендот исто така ќе бидат ниски и на многу места тие ќе се искачат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и негативни.
Во Скопје со овој бран, врнежи од снег ќе има на околните планини, а провејување на снег можно е и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста за време на викендот по некоја снегулка локално да провее и во котлината. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, вели Славчо Попоски
- НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивни снежни врнежи и ниските температури кој ќе создаваат појава на голомразица, на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево21 час(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп10 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза10 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија11 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт9 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
